- aitekka
- Posts
- #30 AI идеи за час што ќе ти заштедат време (и ќе ги активираат учениците)
#30 AI идеи за час што ќе ти заштедат време (и ќе ги активираат учениците)
Минимален напор, максимален ефект – AI активности што веднаш функционираат.

На почеток на новата учебна година, зборуваме за алатки и начини на кои може да се користи AI во подготовката, но и во самата настава. Еве што издвоивме:
Дел 1: AI работни текови (workflows)
Креирај тест, квиз, аудио, дијалози, литературни ликови, и пишување есеј.
Зошто англискиот е твојата предност во 2025?
Дел 2: Специјализирани AI апликации за наставници
Преглед на најкорисни алатки
NotebookLM – 3 начини на користење за наставници
🎧Подкаст, интервју и квизовиGoogle AI Studio: Video to Learning App
Од видео до интерактивна апликација
Дел 1: AI работни текови (workflows)
Ова се едноставни активности што секој наставник може да ги направи со еден LLM како ChatGPT, Claude, Gemini или слична алатка, без да презема ништо.
За сите идеи подолу, кога велиме да внесеш текст тоа можеш да го направиш на повеќе начини: во LLM-от можеш да копираш цел текст, или да вметнеш сликана страна од учебник, screenshot од екран, сликани твоите белешки од тетратка….
Пример 1: Од текст до квиз
Ако имаш наставен текст (на пример од учебник или интернет), можеш да го внесеш во ChatGPT и да побараш да ти направи квиз со повеќекратен избор, прашања „вистинито или невистинито“ или пополнување на празни места. Ова е идеално кога сакаш брзо да провериш разбирање по читање.
Пример 2: Од белешки до аудио материјал
Ако имаш белешки од час или кратко резиме на некоја тема, можеш да го копираш текстот во ChatGPT, а потоа да го префрлиш во алатка за текст-во-глас (на пример ElevenLabs) за да добиеш аудио верзија. Учениците можат да го слушаат дома или додека патуваат.
Пример 3: Креирање дијалози
Ако подготвуваш час по јазик, можеш да напишеш кратка тема, на пример „разговор во ресторан“, и да побараш од ChatGPT да ти направи дијалог помеѓу двајца ликови. Дијалогот можеш да го искористиш како вежба за читање, слушање или играње улоги.
Пробај да направиш ваква задача за друг предмет (дури можеш и да им го дадеш на учениците сами да направат со AI - ако се повисоко одделение) на пр историја: разговор помеѓу две личности од одреден период; географија: дијалог помеѓу два града/две земји.
А за ултра-креативци 👉 Избери два математички поими (на пример: дропка и децимален број, или периметар и плоштина). Побарај ChatGPT да креира краток дијалог помеѓу нив. Потоа, прочитај го дијалогот и одговори на прашањата:
– Што научи од нивниот разговор?
– Кој поим кога се користи и зошто?
Пример 4: Литературен лик како chatbot
Една опција е да креираш свое GPT како што те научивме во 20то издание https://aitekka.com/p/20-customgpt-projects Или бидејќи ова е опција за со претплата, ако си на бесплатниот план, може и вака: Во обичен промпт дај му задача на ChatGPT да се претстави како некој автор или лик од книга, на пример „Зборувај со мене како да си Џорџ Орвел“. Учениците може да му поставуваат прашања и преку тој разговор да развиваат критичко размислување и аналитичко читање.
Минатата година ChatGPT имаше ставено варијанта Дедо Мраз, па учениците можеа да си „разговараат“ за Нова Година 😁
Пример 5: Пишување есеј
Со есеите е малку дискутабилно. Дали воопшто сакаме учениците да пишуваат есеи дома за домашна? Ако мислите дека сега ќе ги пишуваат со ChatGPT, тоа не значи дека претходно не ги пишувала некоја мајка или сестра. Но затоа пишувањето есеи може да го прилагодите и сепак да добието оригинално размислување од учениците.
Подготовка дома со ChatGPT
Учениците добиваат задача дома да направат три конкретни чекори со помош на ChatGPT:
Бирање вокабулар:
Учениците внесуваат: „Дај ми 10 зборови или фрази што се поврзани со темата [на пр. ‘животна средина’].“
Така добиваат речник што ќе им помогне да пишуваат поразновидно.Градење аргументи:
Учениците внесуваат: „Дај ми 5 аргументи за и 5 аргументи против темата [на пр. ‘дали мобилните телефони треба да се користат во училиште’].“
Овие аргументи ќе им служат како база за главниот дел од есејот.Размислување преку прашања:
Учениците внесуваат: „Постави ми 5 прашања за да го откријам сопственото мислење за темата [на пр. ‘социјални мрежи’].“
Целта е ученикот да не копира готови текстови, туку да донесе на час банка на вокабулар, листа аргументи и белешки со свои размислувања.
Што се прави на час?
На час, сите ученици почнуваат да пишуваат есеј со помош на материјалот што го подготвиле дома. Наставникот ги насочува:
во воведот да користат дел од речникот,
во главниот дел да вметнат најмалку два аргументи и сопствено мислење,
во заклучокот да одговорат на едно од прашањата што ChatGPT им го поставил.
По пишувањето, можеш заедно со учениците да ги прегледате дел од есеите или да ги пуштите преку ChatGPT за брз фидбек (граматика, стил), а потоа и ти да дадеш дополнителни коментари.
Ако имаш есеи за прегледување како дел од сумативна оценка, повторно можеш да креираш свое GPT. Еве едно како изгледа за проверка на текстови за FCE испитот. Кој текст и да се внесе, ГПТ-то има инструкции да го оцени според скалата на FCE и да даде повратна информација 👉 https://chatgpt.com/g/g-1owh2pF74-fce-writing-trainer
Колку ти треба да знаеш англиски во ерата на AI?
Добредојдовте во English 2.0: каде традиционалните јазични вештини се спојуваат со вештачката интелигенција – и никогаш не било поважно да го совладаш јазикот!
Да, AI може моментално да преведе, но професионалците кои навистина напредуваат се оние што умеат природно и суптилно да комуницираат на англиски.
Еве зошто флуентниот англиски е твојата конкурентска предност во 2025:
Prompt Engineering: Прецизен јазик = подобри резултати од ChatGPT, Claude и други алатки
Работа без граници: Меѓународни проекти бараат природна и разбирлива комуникација со луѓе од различни средини.
Пристап до знаење: Најновото од AI светот е на англиски
Кариера: Рутинските задачи исчезнуваат – остануваат улоги со јазична софистицираност
Растеме со вас: AI Club за деца – создаваат аватари, приказни и видеа со помош на вештачка интелигенција.
НАЈНОВО за ВОЗРАСНИ: Англиски за AI - ако следиш курсеви за AI и ти треба помош да разбереш - ОВОЈ КУРС Е ЗА ТЕБЕ!
Зајакни ги твоите јазични вештини со English Time , и биди целосно подготвен да ја искористиш моќта на AI.
Дел 2: AI апликации за наставници
🧰 Специјализирани AI апликации – што добиваш и колку чинат
Ако сакаш нешто подготвено, визуелно и структуирано, постојат одлични алатки направени специјално за наставници. Многу од нив се бесплатни или со ниска месечна претплата. Еве преглед на најпрактичните:
Оваа алатка овозможува автоматско креирање планови за час, квизови, адаптации на текстови според ниво на ученици и уште многу други активности. Бесплатната верзија е доволна за почеток, а целосниот пристап чини околу 99 долари годишно.
Станува збор за виртуелен тутор кој разговара со учениците, поставува прашања и ги води низ мисловен процес. Поттикнува размислување, а не нуди готови одговори. Целосно бесплатен е за наставници.
Со оваа алатка можеш да внесеш тема или ниво на ученици, а таа ќе ти изработи целосен план за час. Пакетот за една година чини 49 долари, но првата година често има попусти и може да се добие за 29 долари.
Алатка што ти овозможува да вметнеш прашања во видеа (на пример од YouTube), да следиш кој ученик го гледал видеото и дали одговорил точно. Бесплатна верзија е достапна, а премиум чини околу 11 долари месечно.
Оваа алатка од Google овозможува да внесеш документи, и потоа AI ги организира, сумира и прави квизови од нив. Одлична е за проекти, истражувања и самостојна подготовка на учениците. Бесплатна е.
🎧 NotebookLM како подкаст
Внесуваш наставни белешки или материјал од учебник.
Алатката прави резиме и ти го претвора во скрипта. Од тоа ти прави подкаст: добиваш готов разговор.
🎤 NotebookLM како интервју тренер
Внесуваш биографија или текст за одредена историска личност (на пр. Никола Тесла).
NotebookLM прави прашања кои можеш да ги искористиш за „интервју“.
Еден ученик игра улога на новинар, друг е „Тесла“.
👉 Забавно, а притоа се учи критичко размислување и изразување.
NotebookLM за интерактивни квизови
Внесуваш цела лекција или PDF.
NotebookLM извлекува главни идеи и од нив креира прашања.
Тие прашања ги внесуваш во Kahoot, Quizizz или Forms.
👉 За 10 минути имаш готов квиз што инаку би ти одзел саат време.
Повеќе за тоа како работи NotebookLM во бр. 6 Aitekka
Еднa од најкреативните активности:
Што е ова?
"Video to Learning App" е стартер-апликација во рамките на Google AI Studio која користи Gemini 2.5 Pro модел за да го трансформира видеоматеријалот во интерактивна eдукативна апликација.
Како функционира?
Внеси URL (на YouTube) + објаснувачки текст – на пример: „Како функционира процесот на фотосинтеза?“
Gemini 2.5 Pro го анализира видеото. Алгоритмот ги вади најважните информации, концепти и објаснувања од содржината.
Автоматски се креира спецификација за learning app
Таа потоа се внесува повторно во Gemini → и се генерира код (на пр. HTML + JavaScript) за изработка на едноставна интерактивна апликација базирана на видеото.
Повеќе за GOOGLE AI Studio во бр 16 на Aitekka.
🧩 Како да избeрeш?
Ако имаш малку време и сакаш нешто што веднаш функционира – почни со ChatGPT. Тоа е доволно за да креираш текстови, прашања, дијалози, фидбек и идеи за проекти.
Ако сакаш визуелен интерфејс, структуирани планови и детални функционалности – пробај една од апликациите погоре.
Во секој случај, фокусот нека биде на следново:
Како да си заштедиш време, а да добиеш поголема вредност за учениците.
Алатки има премногу, но оставаме на тебе - сепак наставниците се едни од најкреативните луѓе 😎
А чуда можеш да правиш и со некои од алатките за кои веќе сме пишувале како Gamma, Flourish, Vidnoz, Heygen и многу други. Можеш да го прашаш нашиот четбот👇
Може лесно и брзо да те води низ нашите изданија. На пр. прашај: „Во кое издание можам да најдам алатка за правење аватари?“ Четботот е достапен на овој ЛИНК. |
Имаш нешто конкретно што ти се допадна или недостасуваше?
Дали сакаш некоја од спомнатите алатки да ја разработиме и објасниме во повеќе чекори? После гласањето, слободно напиши краток коментар!
Како ти се виде денешната содржина? |
Се читаме наскоро,
Тимот на aitekka
Reply