- aitekka
- Posts
- #20 Направи си свој GPT и групирај сѐ во Projects
#20 Направи си свој GPT и групирај сѐ во Projects
Практични AI алатки, совети и инспирации

Направи си свој GPT! Звучи страшно? Ако ти кажеме дека можеш да го направиш за 5 мин?
Денес ти препорачуваме:
Aitekka Бот - водич низ сите претходни изданија
Превземи PDF прирачник: Како да го прилагодиш ChatGPT според себе
Водич за создавање сопствен GPT (CustomGPT)
Како да организираш Проекти во ChatGPT
Добиј AI чеклиста за апликации
3 AI апликации за работа и за забава
Најновото од светот на AI: Grok 4
Тестирајте го Aitekka ботот – вашиот нов дигитален асистент 🎉Овој бот е трениран врз сите досегашни изданија на билтенот и ќе ви помогне да го најдете токму она што ви треба, без да пребарувате рачно, а ќе ви даде и дополнителна помош. Ботот е достапен на ВЕБ верзијата од секое издание или директно на овој ЛИНК. |
Направи си свој GPT
Во претходните издание зборувавме како можеш да го прилагодиш ChatGPT и начинот на кој ти одговара (Customize ChatGPT). Превземи си ги инструкциите овде:
| ![]() |
Денес одиме чекор понатаму– ќе си направиш свој GPT
Иако некои во анкетата се двоумеа дали ќе се снајдат, денес ќе ти покажеме дека секој може да си направи свој GPT, дури и ако никогаш досега не си пробал нешто вакво.
Што е Custom GPT?
Твој GPT е прилагодена верзија на ChatGPT што сам ја правиш според свои потреби. Кога имаш конкретна намена, нема потреба секојпат одново да му објаснуваш. Ќе креираш една верзија само за таа намена, и ChatGPT веќе знае како да се однесува и од каде да црпи информации.
Идеи за што може да биде CustomGPT:
Советник за мали бизниси
Асистент за објави што пишува постови за Instagram и Facebook
Ментор за учење
GPT што помага да напишеш опис за твоите производи
Асистент за емаил маркетинг што пишува кратки и ефективни емаил пораки
…и многу други во зависност од твоите потреби 🙂
❌ За жал не е достапно на бесплатната верзија. Мора да имаш ChatGPT Plus за да го креираш.
👉 Но подолу објаснуваме и Проекти во ChatGPT кои можеш да ги користиш во бесплатната верзија.
Сега чекор по чекор ќе создадеме CustomGPT што ќе ни служи како „Асистент за бизнис содржина“
GPT што му помага на сопственик на мал бизнис да генерира идеи за маркетинг, пишува објави, формулира понуди и комуницира поефикасно со клиенти.
КАКО?
1. Оди на https://chat.openai.com/gpts
2. Потоа горе десно избери „Create a GPT“
3. Ќе се отвори „GPT Builder“ – избери „Create“

4. Во првиот чекор: му даваш инструкции како да се однесува
Можеш да напишеш на англиски или македонски, пример:
„Ти си асистент за микро и мали бизниси што помага при пишување содржина и идеи за комуникација со клиенти. Пишуваш кратки, јасни и пријателски текстови – за Instagram, Facebook, емаил пораки и опис на услуги. Даваш идеи за промоции, слогани, наслови и хаштагови. Секогаш прашуваш каков е брендот и каква е публиката пред да предложиш нешто.“
Описот може да биде подолг. Колку појасно му кажеш што сакаш, толку подобро ќе ти служи. Можеш да го уредуваш описот и подоцна, ако видиш дека не одговара како што сакаш.
5. Потоа оди во “Configure”(одма до “Create”) и додади име и опис

Инструкциите овде се тие што претходно му ги зададе во “Create”.
Под инструкциите ти дава пример прашања(барања) за почеток - можеш да додадеш, одземеш.
А од десната страна автоматски ти дава како ќе изгледа кога ќе го отвориш.
6. Можеш да додадеш документи (files) или линкови
Од левата страна под прашањата, додади (Upload files) дополнителни материјали. Ако имаш PDF со услуги, ценовник, или постоечки текстови – можеш да ги прикачиш за GPT да ги користи како референца.

7. Кликни „Create“
Кога ќе кликнеш Create, го завршуваш и активираш твојот Custom GPT.
Тој потоа ќе биде достапен за:
тебе лично (ако не го споделиш) “Only me”
само со оние со кои што ќе споделиш линк “Anyone with the link”
сите , ако одбереш да го објавиш јавно “GPT Store”

✅ Сега креираше свој Custom GPT!
Можеш да го користиш кога сакаш од 👉 https://chat.openai.com/gpts
Може да го уредуваш, преименуваш или надградуваш.
Повторно ПРЕДИЗВИК за тебе: Креирај свој GPT и сподели го со нас и нашите читатели - на мејл или на нашите социјални мрежи.
Проекти во ChatGPT
Нешто слично на CustomGPT, а можеш да го правиш во бесплатната верзија, се ПРОЕКТИТЕ.
„Проект“ е функција во ChatGPT која ти дозволува да групираш сè што ти треба за некоја идеја или задача – разговори, документи, инструкции и фајлови – на едно место.
Исто, ChatGPT ќе го „памети“ контекстот, па нема потреба постојано да објаснуваш одново.
Како се користи?
Отвори ChatGPT и кликни „New project“ од левата страна
Стави име на проектот
Прикачи фајлови, сѐ што сакаш ChatGPT да користи и да реферира кога му поставуваш барања
Додај инструкции (на пример: „Помогни ми да направам план за Instagram“)

notabl.ai - Веб-апликација што автоматски создава кратки и корисни резимеа од YouTube видеа.

PropStyle.ai - Апликација за виртуелно уредување на ентериери🏠.
Meowtalk - Сакаш да ги разбереш мачките? Сними мјаукање и апликацијата ќе го анализира и преведе звукот. Точноста се подобрува со секоја нова снимка што се додава во системот.
Минатата недела најинтересно во светот на AI беше Grok 4 на Илон Маск.
Grok 4 е најновата верзија на AI, лансирана на 9 јули 2025. Според Маск, оваа верзија е „попаметна од секој PhD“ и одговара на прашања од сите научни области — од медицина до филозофија. Развиена е за само 28 месеци од нула – огромен успех во споредба со другите техно-гиганти.
Grok може да резонира, решава тешки проблеми и разбира длабоки концепти. Но сè уште не знае самостојно да одлучува.
Која е вредноста на Grok 4 ако резултатите личат на тие од другите LLM?
Експертите предвидуваат дека Grok 4 (или 5) ќе почне да открива нови научни закони – не само да ги учи постојните.
Се очекува револуција во физика, хемија и биологија, благодарение на неговата способност да обработува огромни количини податоци.
Но:
Grok 4 чини 300 долари месечно (Super Grok Heavy)
🌍 Достапен само во САД и само со X Premium
📅 Нема најава кога ќе биде достапен глобално
Маск тврди дека Grok 4 е основа за AGI – општа интелигенција што ќе мисли и работи како човек. Ќе се користи во X, Tesla, Neuralink и Optimus.
Кога ќе имаш време, ова е доста добар муабет:
СЛЕДНИТЕ ИЗДАНИЈА : Ќе споделиме интересни искуства од луѓе што користат AI во работата и приватниот живот. Ќе ги споделиме апликациите за музика и искуство од читатели. Подготвуваме и идеи за тоа како AI може да ви помогне токму во вашата професија – со конкретни примери (use-cases), според различни работни улоги.
Имаш нешто конкретно што ти се допадна или недостасуваше?
После гласањето, слободно напиши краток коментар!
Како ти се виде денешната содржина? |
Се читаме наскоро,
Тимот на aitekka
Reply