• aitekka
  • Posts
  • #6 Aitekka: Твојот AI асистент за проекти, инфографици и еко-решенија

#6 Aitekka: Твојот AI асистент за проекти, инфографици и еко-решенија

Практични AI алатки, совети и инспирации

Да не те замараме со теорија – еве што можеш веднаш да употребиш!

Во овој број нудиме:

  • Како ќе ти помогне NotebookLM

    • упатство

    • видео туторијал

  • Направи инфографик со една реченица

  • Промпт за компании: Стани еко-херој во твојот град

  • Промпт за општини: Евтини и практични еко-решенија

  • Генерирање реалистични слики со AI

  • Ново за AI

  • Твое мислење - ОЦЕНИ ја содржината

NotebookLM – Твојот личен асистент

Што е NotebookLM и зошто е корисен?
NotebookLM е бесплатна алатка од Google што ти помага да ги собереш сите важни информации на едно место – документи, извештаи, видеа, белешки – и потоа ти одговара на прашања врз основа на тие извори.

📌 Кога е идеално да ја користиш?

  • Кога имаш многу документи (на пр. здравствени извештаи, извештаи од работа, проектни белешки)

  • Кога сакаш точни одговори без измислување (без „AI халуцинации“)

  • Кога сакаш брзо да сумираш текст, извештај или анализa

🔧 Како се користи – Чекор по чекор

  1. Отвори ја алатката: https://notebooklm.google.com
    (Потребна е Google сметка – како Gmail)

  2. Креирај нова „тетратка“ (notebook): Кликни на “+ New notebook” и дај му име – на пример: „Здравствени извештаи“ или „Проект интервју за работа“.

  3. Додај извори: Можеш да додадете PDF документи, Google Docs, YouTube видеа или текст што сами ќе го напишете.

  4. Поставувај прашања: Откако ќе се додадат изворите, едноставно прашај:

    • „Кои се најважните промени во моите здравствени извештаи?“

    • „Кои се главните задачи од состанокот?“

    • „Какви совети да следам според видеото за исхрана?“

  5. Зачувај го добриот одговор: Кога ќе добиеш одличен одговор, кликни на “Save to note” – во спротивно ќе се изгуби кога ќе ја затвориш страницата.

  • Прецизни одговори: NotebookLM не измислува– ако нешто не го пишува во документите, ќе каже дека не знае.

  •  Фокус на вашите податоци: Не пребарува по интернет – работи само со она што ти ќе го вметнеш.

NotebookLM е идеален за сите што имаат информации „насекаде“ и сакаат јасен, брз и точен одговор. Без потреба сами да ги прелистуваат сите документи.
🎯 Обиди се вака:
– Собери 3 PDF-а или документи што често ги користиш (на пр. здравствени резултати, работни извештаи)
– Додади ги во NotebookLM
– Прашaj: „Кои се 3 најважни точки што треба да ги запомнам?“

Супер корисно видео со различни примери и начини на користење 👇

Fact-based news without bias awaits. Make 1440 your choice today.

Overwhelmed by biased news? Cut through the clutter and get straight facts with your daily 1440 digest. From politics to sports, join millions who start their day informed.

Акција за денес - Направи ИНФОГРАФИК со една реченица

Сакаш да претставиш некоја идеја или информација на јасен и визуелен начин? Ти го претставуваме Infographics.so!

AI алатка што автоматски создава професионални инфографици врз основа на текст кој ќе го внесеш. Совршено за едукативни содржини, објави на социјални мрежи, презентации, или бизнис извештаи.

🔧 Чекор-по-чекор: Како да користите Infographics.so

  1. Одете на веб-страницата 👉 https://www.infographics.so

  2. Кликнете „Generate infographic“ (потребно е бесплатна регистрација).

  3. Во полето внесете промпт

  4. Можете да го уредувате текстот, боите и иконите ако сакате.

  5. Преземете го во PNG или PDF формат.

Реални примени

 HR менаџер: Направи инфографик со чекори за нов вработен – процес на онбординг, контакт лица и интерни правила.

Проект менаџер: Прикажи временска линија (timeline) на проектот со задачи, фази и рокови, за подобра комуникација со тимот.

 Мал бизнис: Претстави статистики или услуги на твојата Facebook страница – инфографик е повпечатлив од обичен текст.

 Родител: Креирај визуелен распоред со дневни обврски за децата.

 Фриленсер: Претстави го процесот на работа – од прв контакт до испорака на финален производ – за клиентите да знаат што да очекуваат.

Дали ги прочита претходните изданија? Може таму се крие нешто што ќе ти го олесни животот! Не пропуштај! https://aitekka.com/

Постави ги овие промптови во ChatGPT или Gemini.

Kако твојот бизнис може да стане еко-херој во својот град

Постапувај како експерт за одржливост и корпоративна општествена одговорност. Помогни ѝ на една приватна компанија која сака да се вклучи во заштита на животната средина и да придонесе за подобра еко-свест кај граѓаните во својот град. Предложи 5 конкретни и изводливи иницијативи со кои компанијата може: 1. да ја намали својата еколошка трага, 2. да организира или поддржи локални еко-акции, 3.да ги едуцира или мотивира граѓаните и вработените.
Вклучи примери од добри практики и потенцијални придобивки за заедницата и за имиџот на компанијата

Паметни еко-решенија за мали општини со ограничен буџет

Постапи како советник за екологија во мала општина. Предложи 5 практични и евтини еко-иницијативи што локалната самоуправа може да ги спроведе за да промовира одржливост, да го намали загадувањето и да ги вклучи граѓаните. Се работи за општина со помалку од 50.000 жители, ограничен буџет и основна инфраструктура. Ако можеш, вклучи примери од други општини што веќе ги примениле овие идеи.

КАКО ДА ДОБИЕШ ВАКВА СЛИКА СО ChatGPT? Види го промптот подолу👇

Изработи реалистична, висококвалитетна фотографија на свежи, зрели домати со изразена црвена боја и зелени дршки. Доматите се наредени на дрвена подлога, имаат природен сјај и ситни капки вода на нив. Осветлувањето е природно и меко, со заматена позадина за поголем фокус на деталите и текстурата. Стилот на сликата е професионална фотографија на храна со висока резолуција и јасност.

👉 Пробај и ти – ќе се изненадиш што сè можеш да добиеш со еден добар промпт.

ФИГУРА ВО СТАКЛО- Како го добивме ова со промпт? 👇

Ако сакаш со твој лик, ќе прикачиш и твоја фотографија, а можеш и сам да опишеш целосно нов лик. Внеси го следниов промпт во ChatGPT:

Креирај вертикално форматирана слика што прикажува ултрареалистична, проѕирна стаклена капсула нежно држена меѓу два прста. Во внатрешноста на капсулата постави детално изработен минијатурен лик [според фотографијата]. Тој треба да носи костум. Неговата положба е опуштена – со рацете зад грб – а изразот на лицето зрачи со енергија и шарм. Во капсулата, исто така вклучи ги следните лебдечки 3D елементи: Смартфон Шолја кафе Лаптоп Додади и лебдечки 3D текст што гласи „WOW“ во разигран и впечатлив стил. Осигурај се дека материјалот на капсулата изгледа исклучително реално – сјаен, чист и со мала рефракција, со суптилни светлосни отсјаи и рефлексии што го нагласуваат малиот размер и сложените детали. Користи заматена или неутрална позадина за целото внимание да биде насочено кон капсулата и нејзината содржина. Целокупната композиција треба да постигне рамнотежа помеѓу професионален сјај и игрива, лесна атмосфера.

Адвокати казнети за AI халуцинации 

Во Калифорнија, судија казни две адвокатски фирми затоа што користеле AI за да подготват судски документ – без да го проверат. AI-алатката измислила правни случаи што не постојат, а адвокатите ги претставиле како да се вистинити. Судијата изрази загриженост за "фабрикуваното истражување" и недостигот на контрола. Читај 👉ТУКА

Нов напредок од DeepMind: AI што "мисли" попаметно и греши помалку

Google DeepMind го претстави својот најнов AI агент – AlphaEvolve. Овој модел поставува нови стандарди: може да решава реални проблеми, тешки задачи по математика и програмирање подобро од сите досегашни AI алатки.

📉 Најважно? Според тимот на DeepMind, AlphaEvolve значително го намалува ризикот од “халуцинации” – односно одговори што звучат уверливо, но се неточни или измислени.

Повеќе 👉ТУКА

СЛЕДНИТЕ ИЗДАНИЈА : Kорисни промптови и инспирации– што да прашаш кога не знаеш од каде да почнеш. 💼 Повеќе алатки за твојот бизнис, но и приватен живот

Нови идеи за визуелна креативност и дизајн инспирации со AI.

📝 Имаш нешто конкретно што ти се допадна или недостасуваше?
После гласањето, слободно напиши краток коментар!

Прати ни мејл ако имаш свои идеи или ако сакаш да бидеш и ко-автор на некои од следните изданија.

Следи нè на социјалните мрежи за повеќе идеи и туторијали и преку неделата.

Се читаме наскоро,

Тимот на aitekka

Reply

or to participate.