OpenAI го претстави GPT-Live — нов начин на разговор со ChatGPT кој ја поместува интеракцијата од пишување команди кон природен, флуиден разговор во реално време.
Како? Веднаш под рекламата👇
Нашиот спонзор за денес - со еден клик на сликата/линкот, ни помагате Aitekka да остане бесплатна.
How 2M+ Professionals Stay Ahead on AI
AI is moving fast and most people are falling behind.
The Rundown AI keeps you ahead of the curve.
It's a free AI newsletter that keeps you up-to-date on the latest AI news, and teaches you how to apply it in just 5 minutes a day.
Plus, complete the quiz after signing up and they’ll recommend the best AI tools, guides, and courses — tailored to your needs.
GPT-Live претставува фундаментална промена во начинот на кој комуницираме со вештачката интелигенција: од пишување команди, преминуваме кон природен, флуиден разговор во реално време. Тој го менува досегашното искуство кое наликуваше на "воки-токи" комуникација во вистински телефонски разговор.
1. Што го прави GPT-Live различен од старите гласовни асистенти?
Клучниот збор е нативна мултимодалност. Старите модели (како Siri, Alexa или претходните верзии на ChatGPT Voice) работеа во три чекори: слушање глас ➡️ претворање во текст ➡️ креирање текстуален одговор ➡️ читање на текстот со компјутерски глас. Ова создаваше неприродни паузи.
GPT-Live го прескокнува текстот. Тој директно прима звук и директно генерира звук. Резултатот е време на реакција од околу 320 милисекунди — речиси идентично како во разговор со вистински човек.
Клучни карактеристики:
Full-duplex комуникација (Barge-in): Моделот слуша и зборува истовремено. Можеш да го прекинеш среде реченица ако сакаш да смениш тема, и тој веднаш ќе се прилагоди без да се збуни.
Емоционална интелигенција во гласот: Препознава тон на глас, брзина на зборување, па дури и воздишки, и може да го прилагоди својот тон (да шепоти, да зборува побрзо или да звучи ентузијастично).
Визуелни картички: Иако сè уште не може да гледа преку твојата камера, додека разговарате на екранот може да се појавуваат визуелни графики (како мапи или временска прогноза) кои го надополнуваат аудио-разговорот.
Паметно делегирање (Hand-off): Ако му поставиш сложено прашање, тој тивко ја предава задачата на посилен модел во позадина, додека продолжува природно да комуницира со тебе без непријатни паузи.
Превод во реално време: Благодарение на истовременото слушање и зборување, овозможува континуиран превод додека соговорникот сè уште зборува.
2. Верзии и достапност
OpenAI го нуди моделот во две големини:
GPT-Live-1-Mini: Стандардна верзија за сите бесплатни корисници на ChatGPT.
GPT-Live-1: Помоќната верзија достапна за корисниците со платена претплата.
Како да го провериш и активираш
Најлесен начин да видиш дали веќе го имаш е да ја побараш ознаката Live на самиот врв во гласовниот чет (на мобилен) или во паѓачкото мени за модели (на веб). Ако не го гледаш веднаш, еве како да го најдеш низ поставките:
1.Отвори settings:Локацијата зависи од уредот што го користиш.
На мобилен телефон, на менито (горе лево) и потоа на иконата за твојот профил. На компјутер, кликни на твојот профил долу лево.
2.Најди го менито за глас (Voice):
Одбери ја опцијата Voice во листата на поставки.
3.Промени го моделот:
Оди во Model и провери дали е селектиран GPT-Live. (Овде секогаш можеш да се вратиш и на постарите гласовни модели ако има потреба).

3. Сценарија за секојдневна употреба (Use-Cases)
Гласот е најбрзиот начин за работа. Превземи 10 GPT-Live сценарија и готови промптови што можеш веднаш да ги копираш и користиш.
Во документот ќе најдеш сценарија за:
преговарање и тешки разговори
подготовка за интервју или покачување
customer support и sales call
вежбање јазик во реална ситуација
live преведување
учење преку аудио-тутор
средување идеи со thinking partner
ПРЕВЗЕМИ ТУКА 👇
И покрај напредокот, технологијата има свои јасни лимити и бариери:
Не е самостоен агент: GPT-Live може да ти каже како да резервираш лет или како да испратиш меил, но не може сам да ја отвори твојата мејл апликација, да го напише меилот и да кликне „Send“. Тој сè уште е само соговорник, а не извршител на дигитални акции.
Нема поддршка за видео и споделување екран: За разлика од некои конкуренти, GPT-Live сè уште не може да го гледа вашиот екран во живо (оваа функција е во развој).
Заборавање на контекст (Меморија): Како што OpenAI веќе призна, во гласовниот режим моделот понекогаш има потешкотии да пристапи до меморијата на вашите претходни текстуални разговори или да задржи конзистентност во многу долги аудио сесии.
Не пее и не имитира познати личности: Поради строгите безбедносни филтри и авторски права, моделот ќе одбие да ти отпее песна (особено познати хитови) или да го имитира гласот на позната јавна личност.
Проблеми со акценти на странски јазици: При користење на помалку застапени јазици (вклучително и македонскиот), моделот често има тенденција да ги изговара зборовите со силен, понекогаш неразбирлив англиски акцент или прекумерно да користи англиска синтакса.
Затворено API: Официјалното Audio API кое ја поддржува оваа "Full Duplex" технологија првично е ограничено. OpenAI го нуди само на одбрани партнери преку листа на чекање поради високите трошоци за сервери и потребата од дополнителни безбедносни тестирања, пред да го направи достапно за секој програмер.
GPT-Live во реална употреба - “свесност“ за време:
А додека го подготвуваме ова, веќе во тек е launch-от на новите модели (GPT-5.6) и опции како Work. Но за ова ветуваме разработка во следните изданија.
📝 Имаш нешто конкретно што ти се допадна или недостасуваше?
После гласањето, слободно напиши краток коментар!
Како ти се виде денешната содржина?
Прати ни мејл ако имаш свои идеи или ако сакаш да бидеш и ко-автор на некои од следните изданија.
Се читаме наскоро,
Тимот на aitekka



