• aitekka
  • Posts
  • #32 Од документ до видео за 2 минути: новите моќи на NotebookLM

#32 Од документ до видео за 2 минути: новите моќи на NotebookLM

Новите можности на NotebookLM+ 6 готови промптови за бизниси и автори, и новиот модел за креирање слики - Seedream 4.

Како да претвориш документи во разбирливи материјали? Го знаеш ли новиот конкурент во генерирање слики? Денес читај:

  • Што сѐ ново можеш да правиш во NotebookLM?

  • Готови промптови за:

    • сопственици на бизнис

    • автори/писатели

  • Новиот кинески модел Seedream 4.0- конкуренција на NANO BANANA?

 NotebookLM

NotebookLM е „паметна тетратка“ од Google која ги собира твоите извори (документи, ПДФ-и, линкови, YouTube видеа, па и аудио) и ти помага да ги разбереш, сумираш и споделиш како аудио/видео прегледи, мапи на поими и извештаи. Уште во нашето 6то издание https://aitekka.com/p/6-aitekka ја прикажавме апликацијата NotebookLM, во неколку чекори како може да ти послужи.

Денес одиме со многу повеќе: пристигнаа големи подобрувања. Видеопрегледи на 80 јазици и подлабоки аудио прегледи, плус освежен „Студио“ панел за создавање повеќе верзии од ист тип во една тетратка.

Чекор-по-чекор

  1. Отвори NotebookLM и најави се со Google сметка

  2. Отвори нова тетратка “notebook“

  3. Додај извори: Google Docs/Slides, ПДФ, текст/Markdown, веб-URL, YouTube URL или аудио фајл (се транскрибира при увоз). Лимит: до 50 извори, секој до 200MB или ~500.000 зборови.

  4. (Опционално) Discover Sources – во панелот „Sources“ притисни Discover за да пронајдеш релевантни линкови од веб или од твојот Drive и веднаш да ги додадеш.

  5. „Студио“ панел → избери што сакаш да создадеш:

    • Audio Overview,

    • Video Overview (наративни слајдови),

    • Mind Map (мапа на поими),

    • Reports (извештаи).
      Сега можеш да направиш повеќе излези од ист тип во истата тетратка(на пр. повеќе аудио/видео прегледи за различна публика).

  6. Прилагоди го прегледот: со „Customize“ кажи му на NotebookLM на што да се фокусира и на кое ниво на експертиза.

  7. Јазици: Видеопрегледите и подлабоките Аудио прегледи се достапни на 80 јазици; аудио-увоз поддржува и македонски.

🎧 Аудио преглед: нови формати

Сега можеш да бираш четири формати за аудио преглед, да го одбереш јазикот и да ја наместиш должината (пократко, стандардно, подолго):

  • Deep Dive – (podcast) подлабок разговор меѓу два „водители“ што ги поврзуваат темите од твоите извори.

  • Brief – краток, јасен преглед со клучни идеи (идеално за брзо слушање).

  • Critique – „стручна рецензија“ на материјалот со конструктивни забелешки како да го подобриш.

  • Debate – култивирана дебата меѓу двајца, со аргументи „за“ и „против“ од твоите извори

Најзабавно од сѐ: откако ќе го создадеш твојот podcast, можеш да го направиш и интерактивен: кликни “join” и вклучи се во подкастот.

Веднаш создади мисловна мапа:

🗂️ Reports (автоматски извештаи) – што има внатре

Во Studio → Reports можеш да креираш четири типа документи од твоите извори:

  • Briefing Doc – краток бриф за донесување одлуки: контекст, клучни наоди, ризици и следни чекори.

  • Study Guide – водич за учење: главни поими, резиме по секција, прашања за проверка, клучни термини.

  • FAQ – „често поставувани прашања“ со јасни одговори извлечени од изворите.

  • Timeline – временска линија на настани/фази (со датуми ако постојат во изворите).

Каде помага (брзи примени):

  • Мали бизниси → Briefing Doc за состанок со тим/клиент.

  • Наставници/обуки → Study Guide за повторување пред тест или тренинг.

  • Поддршка/комуникации → FAQ за најчести прашања од клиенти/родители.

  • Новинари/проекти → Timeline за развој на случај/иницијатива по месеци.

ПРОМПТОВИ

За сопственици на бизнис

1) 30-дневен план со KPI

Ти си советник за раст на мали бизниси. Мојот бизнис: [вид/нишa], цел: [цел], ограничувања: [буџет/тим/време]. Прво постави ми 3 прашања за да разјасниш. Потоа изработи 30-дневен план по недели (цели, задачи, носител, очекуван резултат) + 5 KPI со формула за мерење и „брзи победи“ што можам да ги направам за <2 часа. Пиши на македонски, јасно и нумерирано.

2) SOP (стандардна процедура) за процес

Направи SOP за процесот „[на пример: одговор на е-пошта за понуда]“. Вклучи: цел, кога се користи, чекори 1-2-3, шаблон за порака, чек-листа за квалитет, временска рамка, и што да правиме ако нешто тргне наопаку. Дај ми и кратка верзија „на еден поглед“.

3) Страница за продукт/услуга што продава

Помогни ми да создадам страница за [продукт/услуга]. Публика: [кого таргетираме]. Тон: [професионален/пријателски]. Напиши: H1 наслов, поднаслов (еден бенефит), 5 бенефити во точки (со резултат за клиент), како функционира (3 чекори), мини-FAQ (5 прашања/одговори), и повик за акција. Додај 8 предложени клучни зборови за SEO на македонски.

За писатели / автори

1) Од тема до план + агол

Помогни ми да напишам текст на тема: [тема]. Публика: [возраст/интерес]. Прво предложи 3 различни агли (со една реченица „зошто ова е интересно“). Потоа изработи план (вовед-3 секции-заклучок) со по 2-3 клучни точки и предлог-наслов(и). Заврши со 5 прашања за интервју/истражување.

2) Уредување за јасност и ритам

Уреди го следниов текст за јасност и ритам, скрати ~20% без да ја смениш пораката. Зачувај го мојот глас, но користи пократки реченици, активен глагол, конкретни зборови. Дaj ми: (1) уредена верзија, (2) список на 5 конкретни подобрувања што ги направи, (3) 3 можни наслови. Текст: “[вметни текст]”.

3) Пренамена на социјални објави

Од овој текст направи 6 објави: 2 за LinkedIn (по 120–180 зборови), 2 за Facebook (по 80–120 зборови), 2 кратки hook-линији за Instagram. Секојa да има силен почеток, 1 главна идеја, мини-CTA и 3 предложени хаштагови на македонски. Текст: “[вметни текст]”.

 Seedream 4.0 од ByteDance vs „Nano Banana“

TikTok-компанијата ByteDance го претстави Seedream 4.0 — нов модел за генерирање слики. Според првични (неофицијални) бенчмаркови, моделот се носи — а на места и го надминува Google „Nano Banana“, со конкурентна цена. Раните примени што добиваат на замав се: стори-бординг за филм/видео, фотореалистични рендери и креативни слики за проекти.

▶️ Видео туторијал како да го пробаш модлеот бесплатно: How to use Seedream 4 for FREE

  • Отвори ја страницата https://lmarena.ai/.

  • Избери Battle → Direct Chat (директен разговор).

  • Кликни Generate images и од листата модели избери Seedream 4 / Cream 4.

  • Внеси промпт или качи референтна слика → Generate.
    👉 Ако моделот „се заглави“ со стара сесија (на пр. ги повторува старите резултати), отвори нов Direct Chat и пробај повторно.

Совети и етика

  • Приватност: не прикачувај лични фотографии без дозвола; избегнувај чувствителни податоци (особено во јавни демо-платформи).

  • Лиценци: провери правила за комерцијална употреба на генерираните слики и забраните за брендови/лица.

  • Верификација: резултатите и тврдењата од видеото провери ги со свој A/B тест (ист промпт во Seedream 4 и во друг модел).

Го користиш ли нашиот асистент? Веќе се намножија нашите изданија полни со идеи, туторијали и промптови. Вака одма ќе се снајдеш: На пр. прашај: „Во кое издание можам да најдам алатка за правење аватари?“ Четботот е достапен на овој ЛИНК.

Имаш нешто конкретно што ти се допадна или недостасуваше?

После гласањето, слободно напиши краток коментар!

Се читаме наскоро,

Тимот на aitekka

Reply

or to participate.