- aitekka
- Posts
- #21 Вистински примени на AI во секојдневната работа
#21 Вистински примени на AI во секојдневната работа
Практични AI алатки, совети и инспирации

Ова издание е посветено на искуства од читатели и идеи од професионалци кои веќе интегрираат AI во својата работа.
Поткаст во NotebookLM
Примери на AI за пишување (новинарство)
Конкретни примери и промптови за:
мали бизниси
наставници/едукатори
менаџери
Избор на AI алатка
Генерирање на музика со AI
Поткаст со NotebookLM
🎧 Како белешките станаа поткаст
Една читателка нè потсети на една од уникатните употреби на NotebookLM: Кога имаш многу материјал што треба да го совладаш, наместо да го читаш - слушај го!
ЛИНК до објавата. А еве да се потсетиме како:
Како да направиш поткаст од текст со NotebookLM
📂 Собери извори: PDF-и, YouTube линкови, статии
🔗 Вметни ги во notebooklm.google.com
💬 Постави прашање на пр:
„Сумирај го материјалот. Вклучи примери и клучни поенти.“🗣️ Кликни “Generate” за да добиеш поткаст
🎧 Слушај додека се движиш
Најди го целиот туторијал за NotebookLM во 6.издание на Aitekka.
Еден наш искусен новинар сподели многу практични примени на ChatGPT и други алатки. Неговата клучна порака е: „AI не го заменува новинарот – го прави посилен и поефикасен.“ Еве како:
Го споделуваме неговиот документ и со вас👇
|
Поддршка при пишување: јасност, стил и структура
🔍 Проверка на квалитет и јасност на статија
Ова е нацрт на новинарска статија. Те молам идентификувај ги потенцијалните недостатоци во следните аспекти:
1. Јасност и разбирливост на текстот
2. Структура и логичен тек на информациите
3. Потенцијални граматички, стилски или синтаксни проблеми
4. Премногу долги реченици или параграфи
5. Понатамошна прецизност (дали недостасуваат факти, контекст или извори)Нејасни или пристрасни формулации
Дај ми конкретни коментари по точки, без да го преработуваш текстот. Појасни зошто некој дел е проблематичен и што би можело да се подобри.
Еве ја мојата нацрт статија [ВНЕСИ ТЕКСТ]
✍️ Редактура на текст
Овој текст е мој нацрт за новинарска статија. Помогни ми да го подобрам стилот – мој типичен проблем е што имам долги пасуси, формален јазик и често нејасна структура. Не го крати текстот, не додавај факти – само подобри ја читливоста и флуентноста.
📸 Alt Text за фотографии
Оваа статија е објавена на WordPress. Креирај ALT текст за главната фотографија кој:
– не надминува 125 карактери
– е релевантен за содржината
– содржи клучни зборови оптимизирани за SEO
Ова е линкот/опишаната содржина: [линк]
🔖 Тагови (SEO)
Предложи 5–7 релевантни тагови за оваа објава. Таговите треба да комбинираат:
– пошироки теми
– конкретни имиња/термини
– зборови што помагаат за SEO
Еве ја содржината: [линк или текст]
🎨 AI илустрација
Создај хиперреалистична илустрација со анонимни ликови која прикажува [сцена].
– Без користење на текст, мапи или препознатливи лица
– Вклучи детали за позадина, емоции, атмосфера, композиција
Целта е да добијам визуелно јасна и уреднички употреблива илустрација.
Идеи за други професии - Можеш да ги прилагодиш на твојата работа, индустрија и потреби.
🧾Сопственик на мал бизнис
Промпт 1: Објава за социјални мрежи
Сакам да направам објава за Facebook/Instagram за [тип на производ или услуга]. Напиши краток текст (до 80 зборови) што ќе биде привлечен, јасен и ќе вклучи повик за акција. Тон: пријателски и мотивирачки.
Промпт 2: Опис на производ
Преработи го следниов опис на производ за да звучи попрофесионално, пократко и да биде оптимизиран за веб. Вклучи 2–3 силни придобивки за клиентот и избегнувај технички жаргони.
⬇️ [внеси текст]
Промпт 3: Одговор на порака од клиент
Креирај кратка, љубезна и професионална порака како одговор на клиент кој прашува за: [цена / достапност / достава / термин]. Тон: услужлив и јасен. Максимум 3–4 реченици.
👩🏫 Едукатор / наставник
Промпт 1: Квиз или тест
Креирај краток квиз (5 прашања) за ученици од [возраст/разред] врз основа на следниов текст или тема: [вметни материјал]. Вклучи точно/неточно прашања.
Промпт 2: Креативна задача
Осмисли задача по [предмет] за ученици на [возраст] која поттикнува критичко размислување и/или креативно пишување. Задачата треба да биде јасна, со насоки и очекувани резултати.
Промпт 3: Порака до родител
Напиши кратка, професионална порака до родител за напредокот на ученик. Вклучи: поздрав, кратко објаснување за однесување или успех, предлог за следни чекори и пријателски заклучок.
🏢 Вработен/менаџер во компанија
Промпт 1: Резиме на извештај
Сумирај го следниов извештај во 5 точки. Фокусирај се на клучните наоди, потенцијални проблеми и препораки. Тон: јасен, неформален, но професионален.
⬇️ [вметни текст или документ]
Промпт 2: Мејл до тим / клиент
Напиши професионална е-пошта до [внатрешен тим / клиент] во врска со [X]. Вклучи вовед, статус на задачата/проектот и наредни чекори.
Промпт 3: Подготовка за презентација
Помогни ми да структурирам PowerPoint презентација од 5 слајда за [тема]. Наведи што да има на секој слајд (наслов, клучна порака, визуелни елементи). Целната публика е [тип на слушатели].
Како да одбереш AI алатка што навистина ти треба? Чеклиста за бирање AI - зачувај го линкот: https://aitekka-aitools.netlify.app/ |
ДЕНЕС, НАМЕСТО СЛИКИ, ГЕНЕРИРАМЕ МУЗИКА 🎹
Еден читател ни сподели искуство како ја користи апликацијата Suno за да создава музика од македонска поезија. Со бесплатната верзија на Suno.ai, тој креира музика со свои текстови или со стихови од македонски поети како Блаже Конески и Петре М. Андреевски, па дури и со изворни народни песни. Апликацијата самостојно компонира музика врз основа на текстот што ќе ѝ го дадеш — а тајната, како што тој потенцираше: „Тајната и тука е во доменот промпт“.
Како да користиш Suno.ai (бесплатна верзија)
Чекор 1: Оди на https://suno.ai и кликни “Make a song” или “Sign in”. Можеш да се најавиш со Google профил.
Чекор 2: Избери „Custom mode“

Откако ќе се најавиш, кликни на “Create”, па избери Custom Mode за да внесеш свој текст.
Чекор 3: Внеси го текстот
Во полето „Lyrics“, додади твој текст — може да е оригинален, поезија, или народна песна.
Совети за промпт:
Во полето за „style“ или „vibe“, напиши нешто како:
acoustic folk with emotional tone
slow traditional Macedonian instrumental
ambient, nostalgic, Balkan feel
Чекор 4: Креирај ја песната
Кликни “Create” и почекај неколку минути. Ќе добиеш две верзии на песната кои можеш да ги слушаш, споделиш или преземеш.
Еве и уште неколку апликации што можеш да ги пробаш за креирање музика.
Mureka - AI алатка што автоматски генерира целосни песни врз основа на кратки описи.
Rap Generator - Сè си кажува имево 😁 Внеси тема, неколку клучни зборови или твој стил, и добиј римувани и ритмички текстови.
Birthday Song Maker - Креирај персонализирана роденденска песна. Внеси име, порака или желби, и добиј уникатна песна што можеш да ја споделиш со некој близок.
Го провери ли нашиот дигитален асистент? Трениран на сите досегашни изданија на билтенот ќе ти помогне да го најдеш токму она што ти треба, без да пребаруваш рачно, а ќе ти даде и дополнителна помош. Достапен на ВЕБ верзијата од секое издание или директно на овој ЛИНК. |
Имаш нешто конкретно што ти се допадна или недостасуваше?
После гласањето, слободно напиши краток коментар!
Како ти се виде денешната содржина? |
Се читаме наскоро,
Тимот на aitekka
Reply