This website uses cookies

Read our Privacy policy and Terms of use for more information.

In partnership with

Имаш 2 мин да го научиш ова?

  • Што се Claude Artifacts?

  • Како да креираш нов артефакт во Claude

  • Наш пример: од PDF водич до интерактивна апликација
    Како водичот „AI за почетници“ може да стане мала апликација низ која читателот активно поминува.

  • Примери што можеш да ги пробаш
    Dream Interpreter и лекција за биологија како интерактивни алатки.

  • Готови промптови за твои артефакти

    • тракер на клиенти,

    • тракер за проектни задачи,

    • калкулатор за понуди,

    • споредба на компании.

Нашиот спонзор за денес - со еден клик на сликата/линкот, ни помагате Aitekka да остане бесплатна. А артефактите веднаш под рекламата👇

Accio Work: Your Business, On Autopilot

Meet Accio Work, the agentic workspace designed to run your business operations end to end. From sourcing products and negotiating with suppliers to managing your store and launching marketing campaigns, Accio Work handles the execution so you don’t have to.

Powered by verified capabilities and deep integrations with business tools, it doesn’t just generate ideas, it takes action. Backed by Alibaba.com’s global supplier network and over 1B products, it seamlessly connects strategy to execution.

Stay in control while everything runs on autopilot.

Артефакти во Claude се како посебен работен простор до четот.

Додека работите со Claude во обичниот чет, од десната страна Claude може да отвори дополнителен прозорец каде што не ви дава само одговор, туку подготвува конкретен „производ“. Тој производ се вика artifact.

Тоа може да биде текст, документ, табела, код, мини-апликација, веб-страница, квиз, план, визуелен приказ, едукативен материјал или било што што не сакате да остане само како порака во четот.

Разликата е во тоа што обичниот чет е разговор, а артефактот е работна верзија на некој резултат. На пример, ако му кажете на Claude: „Направи ми landing page за мојот курс“, тој може да ја отвори страницата како артефакт. Потоа не мора да почнувате од нула. Можете само да му кажете: „Направи го насловот посилен“, „скрати го текстот“, „додај секција за цена“, „промени го стилот“, и Claude ќе го ажурира истиот производ.

Можете и сами да почнете од артефакт. Од левото мени во Claude има посебен дел Artifacts, каде што можете да ги разгледате сугестиите за инспирација (кликни New Artifact) или почнете директно со своја идеја на: Start from scratch.

Наједноставно кажано: артефакт е местото каде што одговорот од AI почнува да личи на готов производ, а не само на текст во чет.

Затоа е корисен за работи што сакате да ги развивате во неколку верзии: newsletter, објава, лекција, игри, презентациска структура, веб-страница, апликација, worksheet, стратегија, скрипта или било каков материјал што треба да се уредува, подобрува и користи, или едноставно било што што сакате да го направите интерактивно.

Кога ќе го направите артефактот (производот) имате копче “publish” (објави). Откако ќе го објавите ќе добиете линк кој може да го споделите со други, и други да може да го користат вашиот артефакт.

❗Ако сакате артефактите (производите) да се на македонски јазик, не секогаш термините ќе бидат совршени. Нашите артефакти се само примери со кои сакавме да ви ја демонстрираме оваа функција. Ако ги споделувате вашите артефакти професионално, секогаш проверете и корегирајте ги грешките во јазикот.

Ние креиравме интерактивна апликација од нашиот водич AI за почетници, кој како PDF формат само го внесовме во промптот. Наместо читателот да го отвори PDF-от и да чита страница по страница, сега може да користи мала интерактивна апликација: да одговара на прашања, да добива насоки, да поминува низ делови од водичот и полесно да ја разбере содржината.

Бидејќи артефактот е објавен, секој што го има линкот може да го отвори, да го користи и да комуницира со него. Ако корисникот има Claude профил, може и да го прилагоди за свои потреби. Во тој случај, не го менува нашиот оригинален артефакт, туку си создава своја верзија, односно своја копија.

Важен дел е приватноста. Кога некој ќе отвори артефакт и ќе внесе свои одговори, белешки или примери, тоа не значи дека ние како автори ги гледаме тие податоци. Секој корисник работи во своја интеракција со артефактот.

Едноставно кажано: објавениот артефакт е како интерактивна верзија на материјалот. Сите можат да го користат, но секој си работи независно.

Опцијата Artifacts е достапна на сите планови, вклучувајќи и free. Но, на бесплатната верзија нема да ви ги памти податоците што сте ги внеле, додека пак на останатите платени верзии, ако внесувате податоци, тие ќе ви бидат запамтени кога повторно ќе го отворите.

А ова е промптот кој го искористивме во claude.ai:

Направи интерактивна апликација за толкување соништа. Корисникот внесува опис на својот сон во текст поле, а апликацијата дава симболично толкување со неколку можни значења, емоционален контекст и кратка порака за денот. Дизајнот да биде темен, мистичен, со ѕвезди или месечина во позадина. На македонски јазик.

А ова е промптот кој го искористивме во claude.ai:

Направи интерактивна образовна апликација за 7мо одделение на тема „Клетката – градежна единица на животот". Да содржи: кратко објаснување, визуелен дијаграм на клетката со означени делови кои може да се кликнат за повеќе информации, и мини квиз со 5 прашања на крај со точни/неточни одговори и резултат. На македонски јазик.

  1. Тракер за следење на клиенти

Направи едноставна апликација за следење на клиенти и потенцијални клиенти. За секој контакт да може да се внесе: име, телефон или мејл, последен контакт (датум), следен чекор и статус (Топол / Млак / Ладен / Активен клиент) со различни бои за секој статус. Да има можност за пребарување и сортирање. Дизајнот да биде професионален и прегледен. На македонски јазик.

  1. Тракер за проектни задачи

Направи апликација за управување со задачи во стил на Kanban табла со три колони: „За правење", „Во тек" и „Завршено". Да може да се додаваат задачи со наслов, приоритет (висок/среден/низок) означен со боја, и да се влечат картичките меѓу колоните. Дизајнот да биде модерен и чист. На македонски јазик.

  1. Калкулатор за цени и понуди

Направи апликација за пресметување на цени и генерирање понуди. Корисникот внесува: своето име или назив на бизнис, услуга или производ, број на часови или количина, цена по единица, попуст (%) ако има, и ДДВ (%). Апликацијата да прикаже прегледна, форматирана понуда со вкупна сума, со копче за печатење или зачувување. На македонски јазик.

  1. Споредба на компании:

Верзија со AI (само Pro план):

Направи апликација за споредба на две компании. Корисникот внесува имиња на две компании, а апликацијата користи AI за да генерира структурирана споредба по категории: дејност, основање, приходи, број на вработени, главни производи или услуги, предности и слабости. Резултатот да се прикаже во паралелна табела со визуелно означување која компанија „води" во секоја категорија. На македонски јазик.

Верзија без AI — корисникот сам внесува податоци (бесплатен план):

Направи апликација за споредба на две компании каде корисникот рачно внесува податоци за секоја компанија: име, дејност, година на основање, приходи, број на вработени, главни производи или услуги, 3 предности и 3 слабости. Апликацијата да прикаже паралелна визуелна споредба со бои и икони, и краток автоматски заклучок на крај врз основа на внесените вредности. На македонски јазик.

📝 Имаш нешто конкретно што ти се допадна или недостасуваше?
После гласањето, слободно напиши краток коментар!

Прати ни мејл ако имаш свои идеи или ако сакаш да бидеш и ко-автор на некои од следните изданија.

Се читаме наскоро,

Тимот на aitekka

Reply

Avatar

or to participate

Keep Reading