- aitekka
- Posts
- #57 Егзодусот од OpenAI и дали ќе се вратите после 5.4?
#57 Егзодусот од OpenAI и дали ќе се вратите после 5.4?
Дали новитетите во логиката и Excel интеграцијата се доволни за голем камбек на OpenAI?

Оваа недела, врие и во технолошкиот свет. Додека до вчера сите пакуваа куфери и се селеа кај Claude, OpenAI реши да возврати со „тешка артилерија“.
Дали Claude е навистина попаметен или само почовечен? И дали новиот GPT-5.4 Thinking е вистинскиот одговор?
OpenAI/Anthropic ривалство
Што може новиот модел GPT-5.4
5 конкретни задачи за GPT-5.4
Промпт за AI бизнис аналитика во Excel
Промпт за анализа на графички дизајн
Изминатава недела социјалните мрежи беа преплавени од туторијали „Како да ги префрлите сите ваши податоци од ChatGPT на Claude“.
Дали е само пак некој хајп и дали новиот GPT-5.4 е доволен за да го запре егзодусот?
Главната причина: Етичкиот момент и „Pentagon“ контроверзијата
Една од најсвежите причини за масовно напуштање на ChatGPT беше договорот на OpenAI со Пентагон. Додека Anthropic (компанијата зад Claude) одби одредени услови за воена употреба на нивната технологија поради безбедносни етички принципи, OpenAI го прифати договорот. Ова предизвика бојкот кај дел од заедницата која претпочита „побезбедна“ и етички поцврста AI.
А веќе и од претходно корисниците тврдеа дека Claude има „почовечки“ стил на пишување, а ChatGPT звучи премногу роботски или предвидливо.
За многу девелопери, Claude стана примарен избор поради неговата способност подобро да разбира комплексни кодни структури и помалиот број на грешки (халуцинации).
Да не го заборавиме context window (контекстуален прозорец): Claude долго време водеше со способноста да „проголта“ цели книги или огромни документи одеднаш без да заборави што пишува на почетокот.
OpenAI: “Hold my beer”…
Пред само неколку дена (на 5 март 2026 ), OpenAI го лансираше моделот GPT-5.4 Thinking (заедно со Pro верзијата) како директен обид да ги врати професионалните корисници.
Овој модел е дизајниран специфично да ги нападне предностите на Claude:
Thinking Mode (Режим на размислување): GPT-5.4 сега прво прави план, па потоа одговара. Најголемата новост е што можеш да го прекинеш додека „размислува“ и да му дадеш нови насоки за да го коригираш неговиот тек.
Интеграција со Excel и Google Sheets: Ова е „убиецот“ на конкуренцијата за бизнис корисниците – вештачката интелигенција сега е директно вградена во табелите за комплексни анализи.
1 милион токени контекст: Со ова, OpenAI го израмни (и во некои аспекти го престигна) Claude во делот на обработка на масивни документи.
Значи, GPT-5.4 не е само редовен апдејт, туку стратешки одговор на „бегството“ на корисниците кон Anthropic.
Еве 5 конкретни типови задачи каде што GPT-5.4 моментално води:
OpenAI пушти свој официјален „ChatGPT for Excel“ add-in, во beta, и го претставува како директен начин ChatGPT да работи внатре во workbook, за да гради, ажурира и анализира модели, сценарија и outputs врз основа на податоци и формули. Ова не го продаваат само како општ Excel помошник, туку како алатка оптимизирана за финансиски workflow-и. OpenAI вели дека GPT-5.4 е подобрен за financial modeling, scenario analysis, data extraction и long-form research, и тврди дека на нивен внатрешен investment banking benchmark перформансите скокнале од 43.7% со GPT-5 на 87.3% со GPT-5.4 Thinking
Што можеш одма да направиш:
1. Чистење на контакт листи
Честопати листите со клиенти се хаотични – некои имиња се со мали букви, некои со големи, некои имаат грешки во e-mail адресите.
Што прави AI: „Поправи ги имињата да почнуваат со голема буква. Провери дали е-маил адресите изгледаат точно и извади го само градот од колоната со адреси.“
Зошто е корисно: Добиваш професионална и уредна база на податоци без никакво рачно пишување.
2. Автоматско сортирање на трошоци
Ако го извадиш извештајот од банка во Excel, обично добиваш хаос од имиња на продавници и броеви.
Што прави AI: Му велиш: „Ова е мојот извод од банка. Во новата колона Б, категоризирај го секој трошок како 'Кирија', 'Инвентар', 'Маркетинг' или 'Плата'.“
Зошто е корисно: Наместо рачно да поминуваш 200 трансакции, AI ги препознава и селектира.
3. Анализа на коментари од клиенти
Ако имаш 200 коментари во табела, побарај: „Прочитај ги овие мислења и во нова колона кажи ми дали клиентот е задоволен или не, и накратко издвој ја главната поплака“.
4. Брзо претворање на текст во табела
Можеш да копираш цел долг текст со информации за производи и да му кажеш: „Извлечи ги само цените и димензиите и подреди ги во чиста табела“.
5. Логичко предвидување:
Прашај го: „Врз основа на продажбата во изминативе 3 месеци, кажи ми кои денови од неделата ми се најслаби и предложи ми логичен попуст за тој период“.
💡 ПРОМПТ за бизнис анализа со Excel
Искористи го новиот Thinking Mode на GPT-5.4 за да добиеш логички одговори директно од твоите табели. Пробај го овој промпт за да си го олесниш планирањето:
Погледни ја мојата табела со продажба и трошоци за минатиот месец. Направи ми анализа: кои 3 производи ми носат најголем профит, а каде непотребно трошам пари? Врз основа на тоа, предложи ми колку залиха треба да нарачам за следниот месец за да не останам со празни рафтови, но и да не претерам. Додека го правиш планот, застани ако видиш дека некој трошок драстично отскокнува за да ти објаснам за што се работи.
Зошто ова е моќно? Затоа што моделот не само што ги собира бројките, туку „размислува“ за логиката на твојот бизнис и ти дозволува да го коригираш во текот на самиот процес.
🎨Промпт за анализа на графички дизајн со AI
За сите кои самите си креираат објави за социјални мрежи или флаери, може да пробате и со ChatGPT 5.4, но сепак Claude има неверојатно око за детали. Прикачи ја твојата последна графика (на пример, постер за попуст во твојата продавница или мени за твојот локал) и побарај:
„Анализирај го дизајнот на оваа слика. Дали е веднаш јасно што нудам и до кога трае акцијата? Дали фонтот е лесен за читање на телефон или буквите се премали? Кажи ми искрено: дали овој постер изгледа професионално или делува пренатрупано? Дај ми 3 брзи совети како да го подобрам за да привлечам повеќе купувачи.“
Резултатот: Ќе добиеш конструктивна критика која звучи како да доаѓа од професионален дизајнер.
What do these names have in common?
Arnold Schwarzenegger
Codie Sanchez
Scott Galloway
Colin & Samir
Shaan Puri
Jay Shetty
They all run their businesses on beehiiv. Newsletters, websites, digital products, and more. beehiiv is the only platform you need to take your content business to the next level.
🚨Limited time offer: Get 30% off your first 3 months on beehiiv. Just use code JOIN30 at checkout.
Презентации
GPT-5.4 е подобрен и за креирање презентации. Според OpenAI, корисниците преферирале презентациите од GPT-5.4 во 68% од случаите во споредба со GPT-5.2, поради подобар изглед, поголема визуелна разновидност и поефикасна употреба на слики.
Кодирање
Во првите тестови, GPT-5.4 се покажува како посилен за практични coding задачи и за изработка на интерфејси и веб-страници. Идејата не е само да пишува код, туку да испорачува покорисни, посредени и поприменливи резултати за реална работа.
Помалку халуцинации
OpenAI тврди дека GPT-5.4 е нивниот најфактички модел досега. На сет од промптови каде корисници претходно пријавиле фактички грешки, поединечните тврдења биле 33% помалку веројатно да бидат неточни, а целите одговори 18% помалку веројатно да содржат грешка, во споредба со GPT-5.2.
Помала потрошувачка на токени
Многу важно за луѓе што работат подолго и посериозно со AI - OpenAI вели дека GPT-5.4 користи значително помалку токени од GPT-5.2 за да реши задача. Во пракса тоа значи побрза работа, помалку непотребно „вртење“ и поефикасни complex workflows
Имаш нешто конкретно што ти се допадна или недостасуваше?
После гласањето, слободно напиши краток коментар или прашање!
Како ти се виде денешната содржина? |
Се читаме наскоро,
Тимот на aitekka


Reply