• aitekka
  • Posts
  • #52 Направи брза анализа на твојата конкуренција со AI

#52 Направи брза анализа на твојата конкуренција со AI

Чекор-по-чекор водич што ги претвора податоците во акција.

Сакаш да го разбереш пазарот, но немаш три дена за рачно копање низ извештаи, сајтови, коментари, реклами и „што прави конкуренцијата“.

Во 2026 година проблемот е што имаме премногу информации, а малку јасна слика што да правиме со нив.

Денес ќе користиме AI за повеќе од „собирање податоци“, денес правиме стратешка синтеза: од факти → до позиционирање → до конкретни чекори, а оди вака:

  • Фаза 1 Темелно скенирање со извори: deep research со AI, универзален промпт и верификација на податоци

  • Фаза 2: Стратешка анализа

  • Фаза 3: SEO и дигитален отпечаток

  • Фаза 4: Автоматизиран мониторинг

  • SWOT промптови по пазарни сегменти (МК контекст)

  • Бонус видео за AI алатки за SEO (наули повеќе)

Фаза 1: Темелно скенирање со извори (0–5 минути)

Цел: брзо собирање факти без рачно пребарување, но со извори и датуми

Главна алатка: Perplexity (Deep Research / Research mode) или ChatGPT со вклучено deep research.

Алтернатива (agent-style): Manus (ако ти треба агент што извршува задачи, а не само да пишува).

Промпт за скенирање на пазар (универзален)

Направи детално истражување на пазарот во индустријата [Индустрија] во Македонија за 2026 година. Идентификувај топ 5 конкуренти и за секој наведи: (1) ценовен опсег или јавно достапни пакети, (2) најважни функции/услуги и промени во последните 6 месеци (со датуми ако е можно), (3) најчести поплаки или негативни сигнали од корисници (со извори). На крај додади табела: тврдење → извор (линк) → датум → сигурност (висока/средна/ниска).

Клучната реченица што ти го спасува резултатот за локален пазар:

Фокусирај се на македонскиот пазар. Вклучи локални специфики: доминација на продажба преку Instagram/Facebook, логистика со локални карго-служби, навики на потрошувачи, и честа практика цените да се ‘по порака’ наместо јавно објавени

Фаза 1.5: Брза верификација (3–7 минути)

Остани во истиот модел и додади го следниов промпт за верификација

Провери ги претходните тврдења. За секое: дај линк, датум и ниво на сигурност. Ако нема кредибилен извор, означи го како ‘ниска сигурност’ и предложи како да го проверам рачно (на пример: Meta Ads Library, Google Maps reviews, јавни ценовници, PDF брошури, објави на официјални профили).

Сега најважниот дел. Откако ќе го добиеш извештајот од Фаза 1:

  1. Копирај го целиот текст.

  2. Оди во Claude или GPT-5.

  3. Копирај го и напиши: Врз основа на овие податоци, изработи го следново...“ (тука ќе додаваш промтови од Фаза 2🙂 

Фаза 2: Стратешка анализа (10–15 минути)

Имаш две опции (најдобро е да ги користиш двете):

Опција А: SWOT анализа (за долгорочна стратегија)
  • Фокус: Што да градиш во следните 6 месеци.

  • Промпт👇

Направи SWOT за мојот бизнис. Вклучи локална логистика, доверба кај купувачите и предложи 3 чекори за овој месец.

*Подолу имаш 4 детални промптови по дејности за SWOT анализа

Опција Б: Battlecard (за продажба и маркетинг „на терен“)
  • Фокус: Што да му кажеш на клиент кој вели „Конкуренцијата е подобра/поевтина“.

  • Промпт👇

Врз основа на податоците, креирај battlecard против [Име на конкурент]. Наведи: (1) каде да нападнеме — 3 слаби точки каде ние имаме предност, (2) ‘switch line’ — една кратка реченица за диференцијација што звучи човечки, (3) доказ-точки — 3 конкретни докази (услови, гаранции, примери, бројки ако постојат), (4) приговори и одговори — како да одговорам ако клиент каже: ‘тие се поевтини’, ‘тие се попознати’, ‘не сум сигурен дека ќе испорачаш’. Стил: јасно, без хиперболи.

Фаза 3: SEO и дигитален отпечаток (15–20 минути)

Цел: да откриеш од каде конкурентите добиваат сообраќај и кои теми/клучни зборови им носат купувачи или барања.

  • Користи Semrush Keyword Gap за да видиш со кои клучни зборови твоите конкуренти се на прва страна на Google.

  • Ископирај го успехот: Види кои се нивните Top Pages (најпосетени страници). Ако нивната најпопуларна статија е „Како да изберете...“, тоа е знак дека и ти треба да направиш подобра верзија на таа тема.

  • Нивниот „социјален штит“: Оди на Meta Ads Library и види ги нивните активни реклами. Ако таму ветуваат „најевтино“, ти во твоите објави нападни со „најквалитетно“.

Фаза 4: Автоматизиран мониторинг

Цел: Никогаш повеќе да не го правиш ова рачно.

Ако си спремен за уште едно ниво подлабоко во AI светот: Анализата на конкуренцијата не треба да биде еднократен настан. Користи Visualping или Browse AI за да ги следиш промените на веб-страниците на конкурентите.

  • Поврзи ги овие алатки со Slack или мејл преку Zapier.

  • Промпт за автоматизација: 

Секогаш кога [Конкурент] ќе ги промени цените на својата страница, сумирај ја промената и кажи ми дали се движат кон поевтин или премиум модел.

ПРОМПТОВИ за SWOT анализа

Македонскиот пазар има свои специфики — од доминацијата на продажба преку Instagram DM, до логистичките предизвици со локалните карго служби.

Важно: Пред да ги користиш овие промптови, залепи ги податоците што ги доби од Фаза 1 (Deep Research), за AI да работи со факти, а не со претпоставки.

Еве конкретни промптови за најчестите бизниси кај нас:

1. Е-трговија и онлајн продажба (Облека, козметика, додатоци)

Овој промпт е фокусиран на борбата со цените, довербата на купувачите и логистиката. Промпт 👇

Делувај како експерт за е-трговија на Балканот. Направи детална SWOT анализа за мојата онлајн продавница која продава [внеси производ, нпр. рачно изработен накит] во Македонија.

Сили: Фокусирај се на персонализирана услуга и брза испорака.

Слабости: Разгледај ги ограничените ресурси за маркетинг и зависноста од Facebook/Instagram алгоритамот.

Можности: Истражи го потенцијалот за проширување во соседните земји (Србија/Бугарија) и воведување на автоматски систем за нарачки.

Закани: Анализирај ја конкуренцијата од евтини платформи како Temu/AliExpress и растот на цените на локалните карго услуги.

2. Угостителство (Ресторани, кафулиња, кетеринг)

Овде фокусот е на локацијата, рецензиите и платформите за достава. Промпт👇

Направи SWOT анализа за [тип на објект, нпр. вегетаријански ресторан] во Скопје.

Сили: Истакни ја специфичната локација (нпр. Дебар Маало) и квалитетот на состојките.

Слабости: Анализирај го недостигот на квалификуван кадар (келнери/готвачи) и високите провизии на апликациите за достава.

Можности: Размисли за организирање настани за градење заедница или 'loyalty' програма за редовни гости.

Закани: Анализирај го влијанието на инфлацијата врз цените на намирниците и појавата на нови концептуални ресторани во близина.

3. Агробизнис и производство на храна (Мали семејни бизниси)

Фокус на брендирање на „домашното“ и пристапот до субвенции. Промпт👇

Делувај како консултант за агробизнис. Направи SWOT анализа за мал бизнис за производство на [производ, нпр. органски мед или ајвар].

Сили: Истакни го автентичниот вкус, еколошкото производство и довербата која ја имаат локалните купувачи во 'домашно'.

Слабости: Недостаток на модерен дизајн на пакувањето и ограничени канали за дистрибуција (само пазари или социјални мрежи).

Можности: Искористување на ИПАРД фондови за модернизација и пласман во големи маркети преку 'деликатесни' сектори.

Закани: Непредвидливи климатски услови и конкуренција од индустриски производи со многу пониски цени.

4. Услужни дејности (Салони за убавина, фризерници, спа центри)

Овде клучна е лојалноста на клиентите и визуелниот доказ на социјалните мрежи. Промпт👇

Направи SWOT анализа за [тип на салон, нпр. салон за ласерска епилација] кој работи во Македонија.

Сили: Напредна технологија на апаратите и високи хигиенски стандарди.

Слабости: Високи трошоци за одржување на опремата и тешко менаџирање со термини во шпиц-периоди.

Можности: Соработка со локални инфлуенсери за зголемување на препознатливоста и воведување на пакет-услуги за претплата.

Закани: Драстично зголемување на бројот на нови салони кои нудат ниски цени на сметка на квалитетот

Како да ги користиш овие промптови?

  1. Копирај го промптот што одговара на твојата ниша ЗАЕДНО со резултатот што го доби од фаза 1

  2. Замени ги зборовите во заградите со твоите конкретни детали.

  3. Внеси го во ChatGPT/Gemini/Claude…AI по твој избор 😃 

  4. Дополнителен чекор: Откако ќе го добиеш одговорот, прашај го AI: "Врз основа на оваа SWOT анализа, кои се 3-те најитни чекори што треба да ги преземам овој месец?"

Бонус видео: Разгледај листа на AI SEO алатки што навистина се користат и добиј појасна слика што вреди да тестираш во Фаза 3.

Имаш нешто конкретно што ти се допадна или недостасуваше?
После гласањето, слободно напиши краток коментар или прашање!

Се читаме наскоро,

Тимот на aitekka

Reply

or to participate.