- aitekka
- Posts
- #51 Промптови за поголема вредност со AI
#51 Промптови за поголема вредност со AI
Идеи за подлабоки AI размислувања и резултати

Во 2026 ќе бараме повеќе смислa бидејќи од AI содржина веќе не се дише. За тоа ќе ти ти требаат:
„Критички филтри“ (Готови промптови)
Од експертско учење до брутално искрена анализа на бизнис идеи.
Како да добиеш длабоки одговори
Промпт за „Херменевтички круг“ кој го елиминира површниот AI одговор.
Први принципи: Како да ги скршиш маркетинг клишеата
Како да размислуваш поинаку.
Први принципи во пракса (3 Use Cases):
Фитнес, недвижности и храна— како да најдеш вистинска вредност.
Универзална „First Principles“ формула
Шаблон што можеш да го примениш на кој било бизнис или проблем.
2025-та ја почнавме воодушевени од тоа што може AI да направи. До крајот на годината стигнавме до друга слика: AI slop — содржина што постои само затоа што е лесно да постои. Брзо, евтино, бескрајно… и често празно.
Долго време важеше правилото: „идеите се евтини, реализацијата е сè“. Тоа беше точно кога за текст ти требаа часови, за дизајн човек, а за видео — тим. Денес реализацијата е евтина: драфт за 10 секунди, слика со еден промпт, видео „додека спиеш“. Секој може да произведе. Малкумина размислуваат со AI.
Затоа прашањето веќе не е: „Можеш ли да го направиш ова?“
Туку: „Дали ова што го правиш вреди да постои?“
Можеш да користиш AI за секој збор и да направиш нешто што вреди. Можеш да пишуваш рачно и да биде катастрофа.
Во 2026-та алатката не е мерка за квалитет. Твоето критичко размислување е.
Ако сакаме помалку noise и повеќе вредност, ни треба едно нешто: подобри прашања.
🛠 Овие 10 промптови ги користиме како „критички филтер“ — да изостриме идеја, откриеме слепи точки и да добиеме покорисен резултат.
Отвори ChatGPT/Gemini и пробај:
1) Учи од „експерт со 20 години искуство“
Замисли дека си експерт со 20 години искуство во {индустрија/тема}. Објасни ми ги клучните принципи што треба да ги разбере апсолутен почетник. Користи аналогија, логика чекор-по-чекор, и поедностави како да имам 5 години. На крај, направи кратко резиме и 3 прашања за проверка.
2) Брутално искрен „партнер за размислување“ за идеја/проблем
Биди мој личен партнер за размислување. Ќе ти ја опишам {мојата идеја/проблем}, а ти сакам да ја преиспиташ секоја претпоставка, да ми укажеш на слепи точки и ризици, и да ми помогнеш да ја надградам во нешто 10x подобро. Не ми ласкај — биди прецизен и конкретен.
3) Copywriting што продава (повеќе конверзија)
Ти си врвен copywriter. Препиши го овој {landing page/продажен текст/мејл} така што ќе конвертира подобро. Нека биде ударно, кратко и убедливо. Користи проверени рамки како PAS или AIDA (избери која најмногу одговара и кажи зошто). Еве го оригиналот: {залепи текст}.
4) Психоанализа на сопствени навики
Однесувај се како психолог со врвни резултати. Анализирај го мојот образец на однесување: {опиши го однесувањето}. Што најверојатно го предизвикува? Кои верувања/емоции стојат зад него? Предложи 3 конкретни промени во размислување и 5 мали навики/акции што можам да ги тестирам оваа недела.
5) Стартап насока: од идеја до првиот приход
Биди мој стартап ментор. Ја имам оваа идеја: {идеја}. Помогни ми да ја изострам понудата (за кого, кој проблем решава, зошто ние). Потоа предложи како да ја валидирам брзо со минимален трошок, опции за монетизација и патоказ од MVP до првиот приход. Дај ми конкретни чекори и што да измерам.
6) Учи тешки теми
Научи ме {комплексна вештина или тема} како да имам 10 години. Користи едноставен јазик, метафори и примери од секојдневие. По секое објаснување, постави ми 3 кратки прашања (квиз) за да провериш дали сум разбрал-а. Ако згрешам, објасни повторно поинаку.
7) Од груби белешки до вирална содржина (со стил)
Ти си мој ghostwriter. Претвори ја оваа груба листа во објава за {LinkedIn / X /IG…}. Нека биде јасно, интересно и прилагодено за {целна публика}. Задржи природен тон и без клише AI фрази. Еве ги белешките: {вметни белешки}.
8) Заглавен-а сум — прашај ме непријатни прашања, па дај план
Однесувај се како директен life coach. Заглавен-а сум затоа што {опиши ја ситуацијата}. Постави ми 5 непријатни, но паметни прашања за да ја погодиш суштината. Потоа, врз основа на моите одговори, состави брутално искрен, но реален акциски план (со први 3 чекори што можам да ги направам денес).
9) Инвеститорскa анализа на бизнис идеја
Ти си брутално искрен инвеститор. Еве идеја: {вметни идеја}. Распарчи ја идејата: што е слабо, што е силно, што недостасува. Постави прашања што би ги поставил инвеститор. На крај, предложи како да ја подобрам понудата и кои 2 експерименти да ги направам за да ја докажам побарувачката.
10) 30-дневен план за која било цел
Ми треба лична стратегија. Цел: {твојата цел}. Направи ми 30-дневен план, поделен по недели. Вклучи конкретни активности, мини-цели и навики. Планот нека биде реален, но да ме турка малку над комфорот. Додај како да мерам напредок и што да правам ако пропуштам ден.
Доади уште еден критички филтер
Еден промпт што често дава најпаметни резултати: херменевтички круг. Наместо да одговори еднаш, го тераш AI да се враќа и да го доработува одговорот во неколку кругови. Резултат: помалку празни зборови, повеќе контекст и логика.
Промпт (македонски/англиски):
{Внеси ја твојата задача} Примени го херменевтичкиот круг на Хајдегер на ова барање: движи се постојано меѓу деталите и целината на ситуацијата за да го изостриш твоето разбирање. Направи го тоа во повеќе „кругови“ (повторувања) и по секој круг направи кратка проверка со мене. | {Insert your Task} Apply Heidegger’s Hermeneutic Circle for this request: move between the details and the whole of this situation to refine your understanding. Do this in many loops, and checkpoint with me. |
Размислувањето од Први принципи (First Principles Thinking)
- најмоќниот начин да го користиш AI, бидејќи го принудуваш моделот да престане да ги рециклира веќе видените маркетинг клишеа и да почне да решава реални човечки проблеми.
Еве три примери за различни бизниси во пракса:
1. Бизнис: Фитнес центар (Теретана)
Наместо да копираш социјални мрежи полни со слики од луѓе со „плочки“ и попусти за годишна членарина, одиме на основните вистини.
Конвенционално размислување: „Како да привлечам повеќе членови? Ќе дадам 20% попуст во јануари и ќе ставам слики од набилдани луѓе.“
Први принципи:
Прашање: Зошто луѓето навистина не вежбаат?
Факт: Не е проблемот во парите, туку во стравот од осудување, дека не знаат како да ги користат справите, премногу време им одзема пакување торби, патување, туширање.
AI стратегија: Наместо „Напиши ми пост за попуст“, му велиш на AI: „Дизајнирај ми 4-неделен 'Invisibile Start' програм за луѓе кои се срамат да влезат во теретана. Фокусирај се на тоа како да го поминат првиот час без никој да ги забележи и како да го намалат времето за подготовка на 5 минути.“
2. Бизнис: Агенција за недвижности
Наместо да ги користиш истите фрази како „прекрасен стан на мирна локација“, го разложуваш проблемот на купувачот.
Конвенционално размислување: „Морам да имам подобри фотографии од конкуренцијата и повеќе огласи на социјалните мрежи.“
Први принципи:
Прашање: Што всушност купува човекот кога купува дом?
Факт: Тој не купува квадрати, туку идентитет и предвидливост. Најголемиот страв не е цената, туку „скриениот трошок“ (лоши соседи, влага по 2 години, тешко паркирање наутро).
AI стратегија: Наместо „Напиши оглас за стан“, му велиш на AI: „Направи ми чеклист за купувачи на стан наречен 'Што не ти кажува агентот'. Анализирај ги ризиците на оваа конкретна населба (сообраќај, бучава, градинки) и позиционирај ме како советник кој прво ги елиминира ризиците, а потоа продава.“
3. Бизнис: Локална пекара / Производство на храна
Наместо само слики од топол леб, одиме до коренот на зошто некој би избрал занаетчиска пекара наместо леб од маркет.
Конвенционално размислување: „Ќе објавам слика од кроасан и ќе напишам 'свежо печено секое утро'.“
Први принципи:
Прашање: Која е основната емоција поврзана со мирисот на леб?
Факт: Лебот е носталгија и сигурност. Но, модерната бариера е грижата за здравјето (глутен, шеќери, подуеност).
AI стратегија: Наместо „Напиши опис за пекара“, му велиш на AI: „Развиј едукативна серија за 'Анатомија на лебот со квасец'. Објасни му на купувачот, преку наука, зошто овој леб нема да му го надуе стомакот како индустрискиот. Фокусирај се на биолошкиот процес, а не на продажбата.“
„First Principles Prompt“ формула:
Заборави сè што знаеш за маркетинг во индустријата [X]. Разложи го проблемот на купувачот на неговите најелементарни биолошки и психолошки потреби. Која е најголемата неискажана фрустрација на мојот клиент и како мојот производ ја решава таа фрустрација на начин кој не вклучува 'попуст' или 'квалитет'?
За тимовите што растат и им треба CRM што може да ги следи: Attio е AI-native CRM што ви помага да ги организирате контактите и компаниите, да следите комуникација и задачи, и да го водите продажниот pipeline — со паметни автоматизации и извештаи, без хаос во табели.
Introducing the first AI-native CRM
Connect your email, and you’ll instantly get a CRM with enriched customer insights and a platform that grows with your business.
With AI at the core, Attio lets you:
Prospect and route leads with research agents
Get real-time insights during customer calls
Build powerful automations for your complex workflows
Join industry leaders like Granola, Taskrabbit, Flatfile and more.
Имаш нешто конкретно што ти се допадна или недостасуваше?
После гласањето, слободно напиши краток коментар или прашање!
Како ти се виде денешната содржина? |
Се читаме наскоро,
Тимот на aitekka


Reply