- aitekka
- Posts
- #38 Eye2.ai ги собира сите модели на едно место
#38 Eye2.ai ги собира сите модели на едно место
Прашај еднаш, добиј повеќе одговори, спореди стилови и избери го најпаметниот AI совет за себе.

Си пробал ли еден ист промпт во различни AI? Дали добиваш исти или различни одговори? Денес ќе дознаеш многу лесно со новата бесплатна алатка! А и Halloween не е далеку, па неколку AI идеи и за тоа. (Се молат Халоувин-мрзците да го скокнат тој дел)
Идеме:
Што е Eye2.ai и зошто вреди да го пробаш
Во кои случаи ќе ти користи
ПРОМПТОВИ за инспирација
Подготвени примери што ќе ти покажат како да го извлечеш максимумот од Eye2.ai —од стартап идеи до визуелен идентитет.Генерирање СЛИКИ - Halloween-вибрации со Nano Banana и ChatGPT
Два промпта за кинематографски портрети што можеш да ги пробаш веднаш.
Eye2.ai — кога повеќе мозоци мислат заедно
Eye2.ai е бесплатна алатка каде што поставуваш едно прашање и добиваш одговори од повеќе AI модели истовремено. Наместо да скокаш помеѓу ChatGPT, Claude, Gemini и други, сè гледаш на едно место.
Најдоброто? Можеш веднаш да забележиш каде AI-моделите се согласуваат, а каде се разидуваат. Ако неколку модели дадат ист одговор, веројатноста е дека е стабилен. Ако одговорите се различни, добиваш нови идеи на кои можеби и не би помислил.
Значи не трошиш време, не трошиш пари, а добиваш попаметни одговори еден до друг споредени.

1) Прашај еднаш, добиј многу одговори
Алатката ја отстранува потребата истото прашање да го повторуваш низ различни AI платформи. Го внесуваш еднаш, а алатката го праќа до повеќе модели паралелно. Одговорите се прикажани истовремено, па заштедуваш време и нерви. Наместо повеќе табови и апликации — цел спектар перспективи со еден клик.

Ефект: заштеда на време и помала шанса да пропуштиш корисен увид што еден модел сам би го промашил.
2) Искуството личи на панел-дискусија со повеќе AI-гласови. Секој модел одговара во свој стил — некој попрецизен, друг покреативен или подетален. Добиваш различни тонови без да менуваш алатка.
Пример: „Кои се pros & cons на користење AI во образованието?“


Прашањата можеш да ги поставуваш на македонски, кај повеќето од LLMs ќе добиеш и одговор на македонски, но зависи од моделот, кај некои јазикот е подобар, а кај некои не толку успешно.
Разновидноста ги прави одговорите побогати и ти нуди различни гледишта што веднаш ја прошируваат сликата.
3) Кога се согласуваат — можеш да им веруваш
Една од најдобрите работи со Eye2.ai е кога повеќе AI-модели кажуваат исто. Тоа гради доверба.
Кога различни модели покажуваат кон ист факт или решение, тоа е силен сигнал дека можеш да им веруваш. Така штедиш време — нема бесконечно истражување: веднаш гледаш кои точки се стабилни.
Воедно, полесно ги филтрираш послабите или случајни одговори кои не се појавуваат конзистентно.
Резултат: носиш одлуки со поголема сигурност, затоа што јасно гледаш каде е „јадрото“ на согласувањето.
Пример: „Кои се топ 5 програмски јазици за учење во 2025?“

Одлуките стануваат полесни затоа што знаеш кому да веруваш без да копаш до бескрај.
4) Споредба и одлуки
Промпт: „Кое е подобро место за живеење : Македонија или Германија? Спореди цена, здравствен и образовен систем и стил на живот.“

Кога ќе ги добиеш одговорите, веднаш гледаш кои критериуми ги нагласува секој модел — еден зборува за трошоци, друг за здравство, трет за квалитет на живот. Наместо една вистина, добиваш неколку перспективи што се надополнуваат. Така споредбата станува побрза, појасна и многу посмислена.
5) Креативни и уникатни идеи
Секој AI има свои јаки страни: некој е фактографски, друг креативен, трет предлага алтернативни пристапи. Со споредување на одговорите, Eye2.ai често изнесува неочекувани идеи — мешавина од логика и имагинација.
Каде ќе ти помогне Eye2.ai:
Кога сакаш да добиеш повеќе страни на исто прашање — од фактографски до креативни.
За бреинсторминг на блог/LinkedIn содржини, taglines и идеи за брендирање.
За споредба на стилови на пишување (професионален, неформален, креативен).
За мислења и стратегии во бизнис и кариера — кога ти треба втор (или трет) AI-глас.
За валидација на факти, дефиниции, процеси и технички чекори во workflow.
За споредување сложени теми, концепти или модели што нудат различни перспективи.
За анализа, споредба и одлуки засновани на повеќе извори — од животен стил до финансии.
Оваа мешавина на практичност + креативност го прави Eye2.ai одличен партнер за brainstorming — далеку од еден „стандардизиран“ одговор.
Пример ПРОМПТОВИ што можеш да ги пробаш
1️⃣ Нови идеи за мал бизнис или стартап во Македонија
„Предложи 5 идеи за мал бизнис во {област}. За секоја идеја напиши:
– Кој би ја користел,
– Зошто вреди да се почне сега,
– Како би ја тестирав за 2 недели,
– Како би стигнал до првите 50 клиенти,
– Кои ризици треба да ги имам предвид.“
2️⃣ Решенија со ограничен буџет
„Предложи 3 начини да го решам проблемот {опиши проблем} со буџет до 100 евра.
Избегнувај реклами и платени промоции – фокусирај се на креативни партнерства и бесплатни алатки.“
3️⃣ Мали навики за повеќе продуктивност
„Дади 3 дневни навики (по 10 минути) што ќе ми помогнат да бидам пофокусиран/а на работа.
Објасни зошто функционираат и како ќе го почувствувам ефектот за една недела.“
4️⃣ Визуелен стил за мој бренд
„Опиши 4 можни насоки за изглед на бренд {име или тема}:
– какви бои да користам,
– каков фонт би одговарал,
– какви фотографии или илустрации создаваат вистинска атмосфера,
– и додади еден пример што намерно крши правила.“
5️⃣ Пет различни решенија за ист предизвик
„Предложи 5 сосема различни начини да се реши {проблем}.
Објасни за секој пристап кога е најкорисен и кога не би го препорачал.“
6️⃣ Како размислува мојот клиент (или студент)
„Опиши 6 типични задачи што треба да ги заврши {персона} кога се обидува да постигне {цел}.
За секоја: предложи едноставно, креативно и најскалабилно решение — со краток тест што може да се проба за 2 дена.“
7️⃣ Турнир на идеи (во табела)
„Создади 8 идеи за {цел} и спореди ги според:
– новина,
– влијание,
– сложеност,
– цена,
– и првиот чекор што можам да го направам утре.
На крај додади 1 „џокер“ идеја со висок ризик и голема награда.“
8️⃣ Пренесување идеи од една област во друга
„Пренеси 4 корисни практики од {индустрија А} во {индустрија Б} за да се реши {проблем}.
Објасни што точно се пренесува, како да се прилагоди на локален контекст и што треба да внимавам.“
9️⃣ Идеи за содржина (блог, Instagram, LinkedIn)
„Смисли 10 можни теми за текст или објава на тема {тема}:
неколку што рушат митови, неколку со чекор-по-чекор совети,
една што раскажува лична приказна и една со поостар став.“
🔟 Размислување од двете страни (AI debate mode 😉)
„За тезата {твоја идеја}, напиши 3 најсилни аргументи ‘за’ и 3 ‘против’.
Додади 2 ризици и 2 услови под кои би го сменил/а своето мислење,
па заврши со краток личен заклучок во 3 реченици.“
Smart leaders don’t write books alone.

You built your business with a team. Your book should be no different.
Author.Inc helps founders and executives turn their ideas into world-class books that build revenue, reputation, and reach.
Their team – the same people behind projects with Tim Ferriss and Codie Sanchez – knows how to turn your expertise into something that moves markets.
Schedule a complimentary 15-minute call with Author.Inc’s co-founder to map out your Book Blueprint to identify your audience, angles, and ROI.
Do this before you commit a cent, or sentence. If it’s a go, they’ll show you how to write and publish it at a world-class level.
If it’s a wait, you just avoided wasting time and money.
Генерирање слики
И секогаш нè фасцинира леснотијата со која може да се создаде визуелна содржина со AI.
Оваа недела пробај вака:
| ![]() |
Создади кинематографски Хелоуин-портрет со тематска атмосфера на жена (исто лице и фризура како на прикачената фотографија, не ja менувај експресијата на лицето) користејќи ја слика 1, облечена како Чаки од Child’s Play, седната на кафена кожна софа покрај кукла Чаки во природна големина. Таа носи шарена маица со виножитни пруги и сини фармерски комбинезони, со лажни лузни на лицето за да го имитира изгледот на Чаки. Во рацете држи отворен хорор-стрип и гледа директно во камерата со сериозен израз. Собата е топло и пријатно осветлена, украсена со светлечки тикви (jack-o’-lanterns), пајажини, шарени светилки и винтиџ хорор-постери на ѕидот. Користи топло, атмосферино осветлување за да се спојат морничави и носталгични Хелоуин-вибрации во кинематографски, реалистичен портрет (9:16).

Создадено со Nano Banana
Истиот процес од погоре со следниов промпт:
Создај хипер-реалистична 8K вертикална слика што прикажува жена (од прикачената фотографија) како седи покрај Pennywise, кловнот од It, во вагон на метрото во Њујорк. Pennywise мора да биде верен на оригиналниот изглед — бело лице со црвени линии, портокалова коса, костум со балонски детали и злобна насмевка. Жената останува непроменета (исто лице, коса, стил), Сцената треба да има игриво и филмско чувство, како двајцата навистина да патуваат заедно со возот, седнати еден до друг.Метрото е осветлено, Pennywise седи природно, со правилни сенки, размер и осветлување, така што изгледа физички присутен во вагонот. Тон: морничав, но со кино-реализам и хумористична нота — како вистинска сцена од урбан хорор-филм.

Создадено со ChatGPT
Го користиш ли нашиот асистент? Веќе се намножија нашите изданија полни со идеи, туторијали и промптови. Вака одма ќе се снајдеш: На пр. прашај: „Во кое издание можам да најдам алатка за правење аватари?“ Четботот е достапен на овој ЛИНК. |
Имаш нешто конкретно што ти се допадна или недостасуваше?
После гласањето, слободно напиши краток коментар!
Како ти се виде денешната содржина? |
Се читаме наскоро,
Тимот на aitekka



Reply