• aitekka
  • Posts
  • #34 Од hype до навика: Како AI агентите станаа дел од секојдневието

#34 Од hype до навика: Како AI агентите станаа дел од секојдневието

Зошто „агентите“ се новиот мозок на дигиталниот свет

2025 е година на AI агентите. Колку од нив имаш ти пробано?

Ако ChatGPT беше твој асистент,
👉 AI агентите се веќе тим што работи со тебе.

  • Што е ChatGPT Agent?

  • Како функционира

  • Промптови за реални употреби

  • Каде ќе го најдеш

  • Истражи и други агенти

  • Пази на ЕУ регулации

 Што е ChatGPT Agent?

ChatGPT Agent е персонализирана, автономна верзија на ChatGPT која може самостојно да истражува, анализира, креира документи, да користи апликации, па дури и да презема активности на веб-страници.

Пример: ако му дадеш цел „направи презентација за новите можности на ChatGPT Agent“, тој нема само да ти напише текст.
👉 Ќе отвори виртуелен десктоп, ќе пребарува на интернет, ќе прочита 30+ извори, ќе направи PowerPoint со графикони, табели и текст — и ќе ти го предаде готовиот документ.

Пример: виртуелен асистент што го организира твојот распоред, комуницира со апликации и преговара со други агенти без твоја интервенција.

🧩 Зошто ова е важно

Ако ChatGPT е твој дигитален мозок, тогаш AI агентите се твојот оперативен систем. Тие комбинираат податоци, апликации и цели во автоматски текови на работа што учат и се подобруваат со тек на време.

Како се разликува од обичен ChatGPT

Карактеристика

Обичен ChatGPT

ChatGPT Agent

Начин на работа

Реагира на твои наредби

Дејствува автономно според поставени цели

Контекст

Разбира во рамки на разговор

Користи веб, документи, и апликации

Меморија

Без долгорочна меморија

Може да памети информации и стил

Интеграција

Изолиран разговор

Поврзува Google Drive, Sheets, CRM, API

Пример

Напиши е-маил

Истражи клиенти, направи извештај, испрати е-маил

Со други зборови, чет-ботот помага, агентот дејствува.

Како функционира

ChatGPT Agent комбинира неколку нивоа на интелигенција:

  1. Инструкции (System Prompt) – му кажуваат кој е и што треба да прави (пример: „ти си агент за HR анализа“).

  2. Инструменти (Tools) – пристап до интернет, документи, Google Drive, API.

  3. Виртуелно работно опкружување – агентот отвора сопствен „виртуелен компјутер“ каде што извршува задачи.

  4. Меморија и контекст – ги следи твоите претходни задачи, бренд упатства и стил на пишување.

 ПРОМПТОВИ за реални употреби

1. Креирање презентации

Истражи ја темата [внеси тема], собери најрелевантни податоци и создај PowerPoint презентација со 10 слајда. Користи го моето бренд-упатство:
– Боја: #
– Фонт:
– Лого: [линк или опис]
Додај графикони и кратки наслови погодни за бизнис-публика.

2. Анализа на податоци и извештаи

Имаш Excel-датотека со податоци за напредок на студенти.
– Напиши Python скрипта што ќе ги обработи податоците.
– Креирај интерактивен Excel dashboard со графикони.
– Подготви PowerPoint извештај со 5 слајда што го сумира напредокот по месец и група.

3. Lead Generation агент

Прегледај минимум 100 извори онлајн и најди компании и агенти што активно продаваат деловен и станбен имот во Скопје и околината.
Направи табела со следни колони:
– Име на компанија или агент
– Тип на имот (станови, деловен простор, куќи)
– Локација
– Линк до оглас
– Контакт телефон или e-mail.
Експортирај како CSV.

4. Агент за следење вести

Секој ден во 8:00 пребарувај ги најновите светски вести и настани.
– Избери 5 доверливи извори (BBC, Reuters, Associated Press, The Guardian, Al Jazeera).
– Сумирај ги најважните информации во максимум 200 зборови по тема.
– Групирај ги по категории: политика, економија, технологија, општество, наука.
– Испрати дневен извештај со наслов, извор, краток опис и линк до оригиналната вест.

5. Агент за следење фактури и документи

Еднаш неделно провери дали има нови фактури или документи на мојот мејл (банка, комунални, интернет-провајдер, апликации).
– Преземи ги новите PDF-фактури.
– Додај ги во Google Drive во папката ‘Фактури 2025’.
– Запиши ги во Google Sheet табела со колони: датум, износ, добавувач, линк до документ.
– Испрати ми неделен извештај со број на преземени документи и вкупен износ

6. Агент за следење на конкуренција

Провери ги веб-страниците на следниве конкуренти: [внеси листа].
– Извлечи ги цените, производите и промоциите.
– Стави ги во Google Sheet табела.
– Ако има промена од минатата недела, испрати известување со деталите.
Ова треба да се повторува еднаш неделно.

7. Агент за анализа на конкуренти

Изврши темелна анализа на конкурентите на пазарот за [внеси индустрија].
– Истражи 100+ извори (извештаи, форуми, YouTube анализи, LinkedIn постови).
– Креирај CSV табела со конкуренти, производи, предности, слабости и цени.
– Подготви PowerPoint со визуелни заклучоци и 3 препораки за стратегија.

8. Личен асистент

Организирај ми ги сите состаноци и follow-ups за тековната недела.
– Провери го мојот Google Calendar и e-mail за покани и состаноци.
– Креирај белешка за секој состанок со клучни точки, задачи и рокови.
– Испрати краток follow-up e-mail до сите учесници 1 час по состанокот со резиме и следни чекори.
– Ако некој не одговори во рок од 3 дена, испрати потсетник.
– На крајот на неделата направи преглед: што е завршено, што е одложено и што бара внимание.

Каде ќе го најдеш?

*Само во платената верзија.

За оние кои сакаат повеќе да истражуваат и да пробаат и други апликации 👀

Добрата вест? Повеќето од апликациите имаат бесплатни опции — идеално за да експериментираш и откриеш која најмногу ти одговара.

Сакаш повеќе упатства за агенти? Пиши ни во коментар!

🔹Категорија

⚙️ Agentic Workflows (Полуавтономни)

🤖 AI Agents (Автономни)

Како размислуваат

Следат однапред дефинирани чекори и сценарија.

Самостојно истражуваат, планираат и оптимизираат резултат.

Како функционираат

„Ако → тогаш“ логика со ограничен контекст.

Цел → анализа → план → извршување → проверка → итерација.

Човечка улога

Ти ги дефинираш правилата и редоследот.

Ти ја поставуваш само целта.

Примери на апликации

🔸 n8n
🔸 Relay
🔸 Zapier + AI Actions
🔸 Make (Integromat)
🔸 Airtable Automations

🔹 ChatGPT Agents (Beta)
🔹 CrewAI
🔹 LangGraph
🔹 Relevance AI Agents
🔹 AutoGPT / BabyAGI
🔹 Lindy
🔹 Comet (by Perplexity)
🔹 Manus
🔹 Genspark

Типичен излез

Завршена задача според сценарио.

Решен проблем на начин што агентот сам го дефинира.

„Agentic AI“ — системи кои можат да дејствуваат автономно, да планираат и да преземаат чекори — се предмет на многу дебати, бидејќи ЕU Act не дава јасна, специфична дефиниција на агенти, но е јасно дека тие функции ќе бидат опфатени преку комбинација на одредби (на пример, надзор, ризик, транспарентност). Дознај повеќе: https://thefuturesociety.org/aiagentsintheeu

Го користиш ли нашиот асистент? Веќе се намножија нашите изданија полни со идеи, туторијали и промптови. Вака одма ќе се снајдеш: На пр. прашај: „Во кое издание можам да најдам алатка за правење аватари?“ Четботот е достапен на овој ЛИНК.

Имаш нешто конкретно што ти се допадна или недостасуваше?

После гласањето, слободно напиши краток коментар!

Се читаме наскоро,

Тимот на aitekka

Reply

or to participate.