- aitekka
- Posts
- #5 Како да направиш веб-страна со Gamma!
#5 Како да направиш веб-страна со Gamma!
Практични AI алатки, совети и инспирации

Во свет што постојано се менува, најважната вештина е способноста да учиш. Но каде да почнеш?
Одиме практично– со алатки, примери и промптови што можеш веднаш да ги пробаш!
Во овој број нудиме:
Направи сам: ВЕБ СТРАНА
упатство
видео туторијал
Промптови
Нов производ на пазар
Видео реклама
Ред во училница
Генерирање слики со AI
Ново во светот на AI
Твое мислење - ОЦЕНИ ја содржината
Веб-страна во 3 чекори со Gamma
Едноставно креирање на вебсајт за почетници. Во 2023 година, Gamma стана една од најпопуларните апликации за брзо креирање веб-страници, презентации и портфолија – без никакви технички знаења. Денес пробај да направиш своја веб-страна во само 3 чекори.
✅ Како функционира?
1. Внеси идеја во една реченица
Ова е промптот што го искористивме ние во нашиот видео туторијал:
Веб-страница за компанија која организира настани, со секции за услуги, примери, рецензии и контакт.
Gamma ќе ја претвори таа реченица во целосен веб-дизајн – со текст, слики и секции.
2. Прилагоди го изгледот
Избери стил, уреди го насловот или додај фотографии. Gamma нуди едноставен едитор– сè се прави со клик. Можеш да одбереш од преку 200 шаблони (templates).
3. Објави или сподели
Кога ќе завршиш, можеш да ја споделиш страната со линк, да ја вградиш на сајт или да ја преземеш како PDF.
Спремивме и документ со објаснување и насоки, но не пропуштај да го изгледаш и ВИДЕО ТУТОРИЈАЛОТ 👇
/
| ![]() |
📹 Погледни го видеото и следи ги сите чекори:
💡 Gamma е одлична алатка ако:
сакаш брза веб-презентација за производ или услуга
подготвуваш кратко портфолио или резиме
не знаеш каде да почнеш, а сакаш нешто професионално
Пробај и увери се колку е лесно https://gamma.app
Дали ги прочита претходните изданија? Може таму се крие нешто што ќе ти го олесни животот! Не пропуштај! https://aitekka.com/
Нов производ на пазарот Имаш идеја за производ? 💡 Сега е време да видиш што ти оди во прилог – а што може да ти застане на пат. Секој добар план почнува со добра анализа. А сега имаш и паметни асистенти да ти помогнат! Постави го овој промпт во ChatGPT или Gemini.
Сакам да направам SWOT анализа за нов производ што планирам да го лансирам. Објасни ми накратко што значи секој од четирите елементи – предности, слабости, можности и закани – и потоа помогни ми да креирам табела со пример-шаблон кој можам да го пополнам со мои идеи. Постави ми и неколку прашања што ќе ми помогнат полесно да размислувам за секоја категорија.
Постави го првото прашање.
Видео реклама📦 Што прави овој промпт?
Генерира кратка СКРИПТА ЗА РЕКЛАМА што го објаснува твојот производ/услуга на начин што привлекува внимание и поттикнува итна акција.
Сакам скрипта за видео реклама која јасно ќе ги објасни карактеристиките и предностите на мојот [внеси го производот/услугата] за [внеси го идеалниот тип на клиент], со цел да ги охрабри да купат – и тоа веднаш.
🟡 Кога да го користиш?
Ако имаш нешто што сакаш да го промовираш онлајн – ова е одличен почеток. Особено корисно за реклами на YouTube, Instagram или Facebook.
Ред во училница - Ако секоја промена на активност ти троши премногу време и енергија – ова е промптот што ќе ти помогне. Со само едно барање, добиј идеи за 5 рутини што ќе воведат ред, брзина и фокус во твоето одделение.
Јас сум наставник во основно училиште [наведи одд или возраст на учениците] и сакам да ја подобрам организацијата во училницата. Наведи 5 практични рутини за транзиција што можам да ги употребам за учениците да се движат брзо и организирано меѓу активности, без да ја губат концентрацијата.
ДРАМА НИЗ СОКАЦИТЕ
ШТО МОЖЕШ ДА СОЗДАДЕШ САМО СО ЕДЕН ДЕТАЛЕН ПРОМПТ!
Со малку мета промптинг 😃
Прво на ChatGPT му кажав да ми напише промпт за сцената што ја замислив. Потоа во нов chat го зададов промптот - еве што излезе:
Фото-реалистична, детална и хумористична сцена во тесна уличка на самрак. Скитник-мачор со искината беретка и стар шал седи на работ на тротоарот, држејќи празна конзерва туна со двете предни шепи, како да моли за милостина. Изразот на лицето му е трагично-преувеличен – широки очи, подвиткана уста, едно уво свиткано, едно исправено. Покрај него – табличка од картон на која пишува: „Ќе мјаукам за храна.“ Во позадина: два гулаба го гледаат скептично од жица, а зад аголот штотуку поминува дама со чадор што збунето го забележува. Сцената е осветлена со топла улична лампа, со рефлексија од мокриот калдрмен под. Композиција во кинематографски стил, динамична светлина и длабочина, сооднос: 16:9. Топли тонови со нагласена текстура на крзното и трошките околу мачето.

👉 Пробај и ти – ќе се изненадиш што сè можеш да добиеш со еден добар промпт.
Овој пат AI вести има и од 🏠 ДОМА 😁
I-HI Think Tank го презентираше документот „ВИ-Меч со две сечила“. Во време кога AI брзо го менува светот, оваа иницијатива отвори важна дебата – не само за технологијата, туку и за општествени, правни и филозофски прашања.
Документот ги прикажува и потенцијалите и ризиците, со фокус на регулатива, еднаков пристап и заштита на човековите права. Запознајте ги тука https://i-hi.org/mk
Револуција во правните услуги со AI за само £2:
Garfield AI — иновативната правна фирма базирана на AI доби одобрение од Solicitors Regulation Authority во Обединетото Кралство. Основачи се поранешниот адвокат Филип Јанг и квантниот физичар Даниел Лонг. Garfield AI нуди правни услуги по значително пониски цени, како на пример писма за наплата на долгови за само £2. Целта на овој развој е да се подобри пристапот до правда и да се намали оптовареноста на судовите преку автоматизација на рутинските правни задачи. https://www.garfield.law/
Повеќе од 250 извршни директори – вклучувајќи лидери од Microsoft, Etsy, Uber, Adobe, LinkedIn и други – потпишаа отворено писмо во The New York Times, барајќи AI и компјутерските науки да станат основни предмети во основното и средното образование во САД. Дознај повеќе ТУКА
🤖 Новиот робот на Amazon „чука“ на вратата на иднината
Amazon го претстави Vulcan – нов робот за магацини што може да препознава и вади предмети со помош на допир, а не само со камери и сензори.
Vulcan користи „шпатула“ за да „ровари“ по рафтовите и вакуум за вадење на предметите. 🔍 Иако сензорите за допир кај роботите напредуваат, експертите велат дека ќе поминат уште 5–10 години додека роботите стигнат до чувствителноста на човечката кожа. Дознај повеќе ТУКА
СЛЕДНИТЕ ИЗДАНИЈА : Промптови за КРЕАТИВЕН БЛОК– што да прашаш кога не знаеш од каде да почнеш. 💼 Повеќе алатки и промптови за МАЛИ БИЗНИСИ и ФРИЛЕНСЕРИ.
📓 Запознаваме алатки како Notion и NotebookLM – совршени за организирање мисли, белешки и проекти.
Нови идеи за визуелна креативност и дизајн инспирации со AI
📝 Имаш нешто конкретно што ти се допадна или недостасуваше?
После гласањето, слободно напиши краток коментар!
Како ти се виде денешната содржина? |
Прати ни мејл ако имаш свои идеи или ако сакаш да бидеш и ко-автор на некои од следните изданија.
Следи нè на социјалните мрежи за повеќе идеи и туторијали и преку неделата. |
Се читаме наскоро,
Тимот на aitekka
Reply