- aitekka
- Posts
- #27 ChatGPT-5 Разочарување, револуција или нов когнитивен модел
#27 ChatGPT-5 Разочарување, револуција или нов когнитивен модел
Што (не) функционира во промптовите во GPT-5

Собравме сè што треба да знаеш за GPT-5 – од наше искуство и од заедницата:
Што велат креаторите
Што велат корисниците
Наше лично искуство
Што е всушност ChatGPT-5 - Причина за новиот модел не е супериорноста?
Водич за разговор со GPT-5 (како да добиеш подобри резултати)
*Водичот на OpenAI адаптиран на македонски - ПРЕВЗЕМИ
*Пример ПРОМПТОВИ за GPT-5
“Sorry, not sorry”
Да те предупредиме, ова издание ќе биде доста емотивно бидејќи имавме доста проблеми во семејството изминатава недела. Новиот член ChatGPT5 не соработува.
Што ни ветија креаторите
Значи да почнеме од почеток.
На 7 август 2025, OpenAI официјално го лансира GPT‑5 како нови стандарден модел во ChatGPT, заменувајќи ги претходните верзии (GPT‑4o, 4.5, 4.1, o3)
Сам Алтман го најави GPT‑5 како „значаен чекор на патот до AGI“. OpenAI вети значително подобрување во брзината, точноста и намалување на халуцинации, подобро кодирање, здравствени одговори, „vibe coding“ и унифицирана интеграција со Gmail, Calendar и други алатки.
И после толку врева, може да го замислите нашиот шок (а набрзо и фрустрација), кога на еден обичен промпт добиваме празен, генерички одговор – без карактер т.е. одговорите звучеа како да немаат врска со барањето, а колку и да го прецизираш или поставиш поинаку, секогаш се враќаше на истите реченици.
Коментари на корисници од TechRadar, Reddit и LinkedIn:
„GPT-5 звучи како лоботомиран дрон… креативно и емоционално празен… не го одразува тонот… чувството е како да го влечам низ секој промпт.“
„Празен.... Воопшто не е забавно да се работи со него, а квалитетот – ѓубре.“
„Едноставно не разбира слики што ги прикачуваш… одговорите се безвкусни и бескорисни… како службеник во човечки ресурси на крај од лош работен ден.“
Корисниците тврдат дека се изгубило „нешто значајно и уникатно“.
И потполно се сложуваме. И нема никаква врска со „емотивната поврзаност“ како што тврди Алтман, дека корсниците почнале да реагираат бидејќи биле „емотивно“ поврзани со ChatGPT4o. Едноставно не се добиваат добри резултати за она што поголем дел од луѓето го користат и на начинот на кој бевме навикнати да ги поставуваме барањата.
По неколку дена „борба“ со ChatGPT5, што имаме да споделиме со вас?
„Празните“ резултати, генерични одговори, неусогласеност на промптот со одговорот, се само дел од фрустрациите.
Важно е да се нагласи: при комуникација на македонски, квалитетот и точноста на јазикот во одговорите е значително пониска од претходно. Она што GPT-4o го преведуваше на македонски прилично добро (со мали адаптации кон природниот говор), сега изгледа малку потешко. Одговорите се со измешани родови, дијалекти, па дури и со зборови од други словенски јазици. Самата структура на реченица е често „прекршена“.
Кога бараме да состави документ (Google Sheets, PDF, Word), работи подолго време и често не успева. Наместо тоа, дава инструкции како сами да го отвориме документот и да внесеме податоци. Дури и кога ќе го состави, не ги следи сите спецификации од промптот – нешто што воопшто не беше проблем за 4o. Уште лани 4ката само што излезе беше способна сама да ти состави било каков документ, а ти само да го симнеш.
Кога му даваме слика со промпт, одговорот повторно е несоодветен и главно без врска со сликата. Една од фасцинациите со GPT4o беше дека секоја слика знае да ја прочита и анализира. Овој, пак, постојано тврди дека ја гледа сликата, но не го исполнува промптот што се однесува на неа. Едноставно – не чита слики и не може да транскрибира текст од нив.
Но не би биле тоа што сме ако не се обидеме да го разбереме целосно и да му го најдеме крајот…
Што е GPT-5 и како да го користиме неговиот потенцијал, или што би рекле што има „под хауба“ во GPT-5?
1. Повеќе модели што работат заедно GPT-5 не е само еден голем „мозок“, туку комбинација од неколку помали и поголеми „мозоци“:
| ![]() *Вратени се и претходните модели
|
Паметен систем во позадина автоматски решава кој „мозок“ да се вклучи според тежината на прашањето. Вие тоа не го гледате и не го бирате – ChatGPT сам одлучува дали ќе користи „брз“ или „когнитивен“ режим. Кога GPT-5 е во „когнитивен“ режим, дава подобри и поконцизни одговори - користи помалку зборови, но ќе ја пренесе истата суштина.
Ова значи:
Помалку работа за серверите
Помалку трошоци за OpenAI
Побрзи одговори кога задачата е едноставна
Која е разликата меѓу моменталните OpenAI планови:
Бесплатна верзија – нема опција рачно да избираш помеѓу Fast и Thinking; секогаш е на „Auto“ и системот сам решава кога да користи брз или когнитивен модел.
ChatGPT Plus (платена верзија) – овозможува да избираш меѓу „Auto“, „Fast“ и „Thinking“ во GPT-5.
Про и Ентерпрајз планови – исто така имаат пристап до избор на режим, плус повеќе технички контроли и API параметри (на пр. reasoning effort, verbosity).
2. Контроверзно: помалку контрола за тебе
Бидејќи системот сам одлучува кога да мисли „плитко“ или „длабоко“, не можеш секогаш да бараш најдетален одговор. Ако алгоритмот мисли дека прашањето е лесно, ќе избере побрз модел – дури и ако ти сакаш повеќе детали.
3. Зошто OpenAI го прави ова?
За да троши помалку пари и ресурси
За да избегне преоптоварување на серверите
За да им биде полесно на луѓето кои не сакаат да бираат модели
4. Како сепак да добиете „попаметен“ одговор
Поставувајте прашања со повеќе чекори и детали
Пишувајте пообемно објаснување што сакате - ПОДЕТАЛЕН ПРОМПТ
Повторно читаме Hubspot. Истражување со 1.500+ маркетери открива како најдобрите тимови користат AI за побрзи резултати. Ако работиш во маркетинг – ова не се пропушта 👇
How 1,500+ Marketers Are Using AI to Move Faster in 2025
Is your team using AI like the leaders—or still stuck experimenting?
Masters in Marketing’s AI Trends Report breaks down how top marketers are using tools like ChatGPT, Claude, and Breeze to scale content, personalize outreach, and drive real results.
Inside the report, you’ll discover:
What AI use cases are delivering the strongest ROI today
How high-performing teams are integrating AI into workflows
The biggest blockers slowing others down—and how to avoid them
A 2025 action plan to upgrade your own AI strategy
Download the report. Free when you subscribe to the Masters in Marketing newsletter.
Learn what’s working now, and what’s next.
Водич за разговор со GPT-5
Не, не може да си „играте'“ со ChatGPT5, т.е. разговорот напред-назад нема да ти даде добри резултати.
Ова покажува дека повеќе не зборуваме само за „prompt engineering“. Се наоѓаме во транзиција – од корисници кои даваат инструкции, кон архитекти на когнитивен процес.
Предизвикот повеќе не е да добиеме точен одговор. Новите функции на GPT5 се механизми за обликување на намерите и меморијата на AI. Треба да развиваме вештина што сè повеќе наликува на когнитивно моделирање – дефинирање не само што треба да произведе моделот, туку како да размислува.
СТРУКТУРАТА НА ПРОМПТОТ останува твојата единствена алатка за длабоко размислување и контрола.
Еве неколку трикови за промптови кои често го активираат подлабокиот gpt-5-thinking модел (или барем го избегнуваат површниот). Нема гаранција дека ќе работат секогаш (OpenAI не открива како точно функционира „router“-от), но се тестирани и споделени од девелопери и искусни корисници на форуми како Reddit и X.
Шаблони за промптови што поттикнуваат подлабоко резонирање
1. Улога + Планирање прво + Потврда
Ти си искусен аналитичар. Твоја задача е детално да ја процениш оваа ситуација. Прво, изнеси план чекор по чекор пред да дадеш било какви одговори. Почекај на моја потврда пред да продолжиш.
Зошто функционира: Комплексна улога = комплексна намера; Го тера моделот да застане и да размислува; Го наведува router-от дека треба „Thinking“ модус
2. Експлицитно барање за структуриран начин на размислување
Пред да одговориш, симулирај структуриран процес на размислување во повеќе чекори. Објасни ги претпоставките и покажи ја логичката низа.
3. Користи зборови како „Комплексно“, „Повеќеделно“, „Деликатно“
„Ова е сложена и чувствителна задача. Пристапи методично.
Раздели ја на компоненти, објасни ја и синтетизирај на крај.
Зошто функционира: Сигнализира на router-от: „Ова не е брз одговор.“ Спречува пренасочување кон „брзи“ патеки
4. Форсирање на „бавно и внимателно темпо“
Не ми треба брз одговор. Ми треба точен. Размисли пред да одговориш. Пристапи кон прашањето како човечки експерт.
Зошто функционира: Го одвраќа од давање брз, шаблонски одговор и го поттикнува да размислува подлабоко
5. Започни со ‘Дебатен’ формат
Изнеси аргументи за и против поставеното прашање, разгледај ги предностите и слабостите на секој став и заврши со внимателно обмислен, избалансиран заклучок
Зошто функционира: Ја прави задачата когнитивно комплексна и го избегнува површното резонирање.
*За последните две содржини (Водичот на OpenAI адаптиран на македонски и Пример ПРОМПТОВИ за GPT5 ) немавме доволно место во ова издание, ГИ ДОБИВАТЕ ПРВА РАБОТА УТРЕ САБАЈЛЕ. Да завршиме неделава со ChatGPT-5, и фаќаме правење вебсајти - веќе неколку пати ни пишавте, знаеме дека со нетрпение чекате 🙂
СЛЕДНА НЕДЕЛА: AI + no-code алатки и платформи за градење вебсајт од нула – со еден промпт и без пишување код.
Го провери ли нашиот дигитален асистент? Може лесно и брзо да те води низ нашите изданија. На пр. прашај: „Во кое издание можам да најдам промптови за мојот бизнис?“ Достапен на овој ЛИНК. |
Имаш нешто конкретно што ти се допадна или недостасуваше?
После гласањето, слободно напиши краток коментар!
Како ти се виде денешната содржина? |
Се читаме наскоро,
Тимот на aitekka
Reply