- aitekka
- Posts
- #24 AI за твојот бренд - Како до поголема видливост и клиенти?
#24 AI за твојот бренд - Како до поголема видливост и клиенти?
50 готови ChatGPT промптови + совети за посилен бренд и подобри објави

Ќе се посветиме на твојот бренд и твоите профили на социјалните мрежи. Во ова издание ќе ти покажеме како со помош на AI да:
го зголемиш присуството и препознатливоста (brand awareness)
дел 1- ако сега почнуваш
дел 2- ако веќе имаш бренд
ги подобриш страните на твојот бизнис на социјалните мрежи
го креираш твоето лого
🎁 Симни PDF: Готови промптови за лого
Сѐ на сѐ, ти спремивме наши 40 готови промптови, а подолу имаш опција да симнеш уште 100 😁
🥳 Надминавме 2000 активни читатели! Ви благодариме што сте дел од Aitekka и што решивте патувањето низ AI да го делите со нас 💙 Токму вашите пораки, прашања и предлози беа инспирација за денешната содржина 😃 | ![]() |
🟢 Што значи ова?
Да бидеш присутен таму каде што е најважно.
AI нема да ја замени твојата интуиција или визија – туку ќе ја забрза креативноста и фокусот на пораката.
Копирај ги овие промптови во ChatGPT. Секаде во заградите [ ] вметни информации од твојата област.
Дел 1: Ако сега почнуваш со твојот бренд:
Промпт 1. Смисли уникатно име на бренд:
Генерирај 10 креативни имиња за бренд кој нуди [опиши услуга/производ] за [вметни публика]. Сакам имиња што се лесни за паметење и имаат позитивен тон.
Промпт 2. Направи слоган што се памети
Создади 10 слогани за бренд кој нуди [услуга]. Публика се [опис]. Сакам да звучат инспиративно, кратко и современо.
Промпт 3. Креирај мисија што звучи живо
Креирај мисија за бренд кој продава [производи/услуги], а ги цени [вредности: на пр. иновација, достапност, грижа за клиент]. Вклучи за кого е наменет брендот и како прави разлика.
Промпт 4. Смисли основни вредности што ќе те водат
Наведи 5 основни вредности за бренд во [индустрија], кој сака да биде модерен, блиску до клиентите и етички ориентиран. За секоја вредност додај кратко објаснување.
Промпт 5. Дефинирај го гласот/тонот на брендот
Сакам да го дефинирам гласот на мојот бренд. Тој треба да звучи [вметни карактеристики – пр. пријателски, самоуверено, професионално]. Помогни ми да го опишам стилот на комуникација и предложи 2–3 примери на реченици што би можеле да се користат во [објава на Instagram] Сакам тие примери да го одразуваат тонот и да звучат природно и поврзувачки.
Промпт 6. Создади бренд-приказна (brand story)
Напиши кратка приказна за бренд кој започнал како [опиши почетоци], а сега нуди [услуги/производи] со мисија да [вметни визија]. Приказната треба да биде човечка, емоционална и да поврзува со публиката.
Промпт 7. Смисли 30-секундно претставување (elevator pitch)
Напиши 30-секундно претставување за бизнис кој нуди [услуги/производи]. Фокусирај се на проблемот што го решава, вредноста што ја нуди, и повикот на акција. Стил: јасен, уверен, разговорлив.
Промпт 8. Креирај типични купувачи (buyer personas)
Опиши 3 типични профили на клиенти за бренд кој нуди [услуги]. За секој профил вклучи возраст, интереси, цели и најголем проблем што го имаат, што брендот може да им го реши.
Промпт 9. Идеи за лого
Предложи 5 концепти за лого за бренд кој нуди [внеси услуги] и сака да изгледа [на пр. минималистички, автентично, иновативно]. Додај предлози за боја, симболика и форма.
Промпт 10. Финална проверка – дали комуницираш доследно?
Прочитај ја оваа мисија / слоган / опис и кажи дали се совпаѓаат во тон и порака [Вметни текст]. Предложи мали подобрувања за да звучат поконзистентно.
Дел 2: Ако веќе имаш создадено бренд:
Промпт 11. За ревизија на опис / мисија / био
Прочитај го следниов опис на мојот бренд и кажи ми дали е јасен, привлечен и конзистентен со мојата публика: [вметни текст]. Дали звучи автентично и професионално? Предложи подобрувања.
Промпт 12. За откривање неусогласеност во пораката
Анализирај дали слоганот, био и описот на мојот вебсајт звучат во ист тон и комуницираат иста порака. Еве ги: [вметни три текста]. Ако не, кажи ми каде има несогласување.
Промпт 13. За тестирање на тонот на гласот
Овој текст [вметни текст] го користам за промоција на мојот бренд. Сакам да звучи [на пр. доверливо, пријателски, иновативно]. Дали тоа го пренесува? Ако не, преработи го за да одговара на тонот.
Промпт 14. За усовршување на слоган
Овој слоган го користам веќе некое време: [вметни]. Сакам да биде пократок, повпечатлив и да звучи современо. Добиј ми 3 нови верзии со слична порака.
Промпт 15. За проценка на вредностите
Ова се вредностите на мојот бренд: [вметни листа]. Дали тие звучат автентично и јасно? Предложи подобар начин да ги формулирам за да бидат блиски до клиентите.
Промпт 16: За креирање на вредносна понуда
Создади кратка и јасна вредносна понуда за [производ/услуга] што ги нагласува придобивките за [целна публика] и ја разликува од конкуренцијата.
Промпт 17: За мерење перформанс на брендот
Создади план за евалуација на успешноста на брендирањето во следниот квартал. Вклучи метрики и начини за следење.
🚀 Сакаш побрз раст на твојот бизнис или фриленс бренд? HubSpot нуди бесплатни алатки за емаил маркетинг, страници и контакти – сѐ на едно место.
📘 Плус: Преземи БЕСПЛАТЕН водич со 100 ChatGPT промптови што ќе ти ја зголемат ефикасноста – од автоматизација до креативни идеи.👇
Want to get the most out of ChatGPT?
ChatGPT is a superpower if you know how to use it correctly.
Discover how HubSpot's guide to AI can elevate both your productivity and creativity to get more things done.
Learn to automate tasks, enhance decision-making, and foster innovation with the power of AI.
Дури и ако веќе имаш профили на Instagram, Facebook или LinkedIn, многу често:
– био-то ти е старо,
– објавите не влечат интеракција,
– профилот не остава впечаток што ќе ги убеди новите посетители.
AI може да ти помогне да ги лоцираш слабите точки, да ги разбереш потребите на твојата публика, и да ја подигнеш комуникацијата на повисоко ниво.
Промпт 18. За проценка на описот (bio / about)
Еве го мојот опис: [вметни текст]. Кажи ми дали јасно комуницира што нудиме и кому му се обраќаме. Дали звучи привлечен и современ? Предложи подобра верзија.
Промпт 19. За проверка дали страната изгледа професионално
Претпостави дека си потенцијален клиент и првпат ја гледаш оваа страна: [вметни screenshot/линк]. Дали би знаел кој е брендот, што нуди и зошто да го следиш? Кои се 3 работи што би ги подобрил/а?
Промпт 20. За подобрување на caption-ите
Ова е caption што го користам: [вметни текст]. Сакам да биде пократок, појасен и да има повик за акција. Направи ми подобрена верзија што ќе поттикне коментари или кликови.
Промпт 21. За подобар ритам на објавите
Досега објавував [на пр. еднаш неделно, комбинација од производи и совети]. Сакам да воведам подобра стратегија со повеќе вредност за публиката. Предложи неделен ритам со 3 идеи за објави и категории на содржина.
Промпт 22. За анализа на реакции
Имам неколку постови што не добија многу реакции. Еве еден пример: [вметни текст или идеја]. Што мислиш – зошто не функционира? Како да го преработам за да биде поангажирачки?
Промпт 23. За конзистентен визуелен стил
Сакам моите објави да изгледаат повеќе како бренд – да имаат конзистентен стил. Опиши ми каков визуелен концепт би одговарал на бренд кој нуди [услуга/производ], има [тонот: на пр. топол, минималистички, смел] и таргетира [публика].
Промпт 24. За идеи што ќе го задржат вниманието
Дај ми 10 идеи за содржина на Instagram/Facebook/LinkedIn што ќе го задржат вниманието на [опиши публика]. Сакам да бидат кратки, визуелно привлечни и со елемент на изненадување или интеракција.
Промпт 25. За подобрување на описот под видеа или reels
Ова е описот што го користам под мое видео: [вметни текст]. Сакам да биде поангажирачки, со прв ред што привлекува внимание и јасен повик за акција на крајот. Преработи го за да добијам повеќе гледања и споделувања.
Со алатки како ChatGPT, Bing, Gemini или Midjourney, можеш сам да креираш лого за твојот бренд. За најдобар резултат, важно е да внесеш добар промпт:
🔹 Биди конкретен
🔹 Користи клучни зборови
🔹 Остави простор за креативност
🔹 Пробувај во неколку итерации
Погледни ги примерите од различни бизниси и пробај со AI. Превземи уште 15 готови промптови. |
|
Го провери ли нашиот дигитален асистент? Достапен на веб верзијата од секое издание или директно на овој ЛИНК. |
За ПОСЛЕ ПРАЗНИКОТ подготвуваме: Како да КРЕИРАШ CV или да го АДАПТИРАШ постоечкото за конкретна работна позиција; како да го подобриш твојот LinkedIn профил и како да го оптимизираш ТВОЈОТ ВЕБСАЈТ со AI – редизајн, текстови, подобро пласирање на Google search (SEO) и сл!
Имаш нешто конкретно што ти се допадна или недостасуваше?
После гласањето, слободно напиши краток коментар!
Како ти се виде денешната содржина? |
Се читаме наскоро,
Тимот на aitekka
Reply