- aitekka
- Posts
- #22 Практични AI чекори за автоматизација
#22 Практични AI чекори за автоматизација
Во кој дел од работата да користиш AI

Кој дел од работниот ден најмногу ти ја троши енергијата – а всушност не носи никаква вредност?
Секој од нас има свои „anti-to-do“ задачи. И токму тие се совршен терен за AI. Ова издание го посветуваме на тоа како AI може да стане твој најмоќен колега или вработен 😉 – без пауза, без отпор, секогаш спремен да помогне.
Зборуваме за :
3 клучни предизвици на работното место
6 типични AI задачи за сите индустрии
Како да идентификуваш AI можности: Практични чекори
Како да приоретизираш: Impact/Effort матрица
👉 ЗАДАЧА ЗА ТЕБЕ: Практична вежба
AI cheat sheet -превземи PDF
AI за сопствени примени и промптови
Оцени ја денешната содржина
3 КЛУЧНИ ПРЕДИЗВИЦИ
Вештачката интелигенција најдобро функционира како „супер-асистент“ кој е секогаш достапен и ти помага да ги надминеш ограничувањата, да работиш побрзо и попаметно. За да откриеме каде AI може да помогне, треба да се насочиме кон три клучни предизвици на работното место:
1. Повторливи и здодевни задачи
Овие се рутински, административни обврски кои го намалуваат продуктивниот фокус – како пишување извештаи, сумирање белешки од состаноци, пребарување низ табели или следење показатели. Сè повеќе луѓе прават anti-to-do листи –– списоци на задачи што одлучуваат да ги делегираат на AI.
2. Блокади поради недостиг од вештини
Работата често запира кога немаш доволно знаење или зависиш од работата на други колеги. AI може да ги пополни тие празнини – да помогне со анализа на податоци, кодирање или дизајн.
3. Нејасни и отворени задачи
Многу работи започнуваат со „не знам од каде да почнам“. Тука AI може да помогне со идеи, анализа и предлози за наредни чекори – за маркетинг, стратегии, кампањи и сл.
6 Типични AI задачи (AI Primitives) што важат за сите индустрии
Без разлика дали сте сопственик на мал бизнис,голема компанија или дел од некој тим,ова се основните задачи што може да се префрлат на AI:
1. Креирање содржини:
AI може да поддржи креирање содржини за различни намени и теми– од сумирање на продажни повици, до генерирање на нацрти за стратешки документи, блог постови и веб страници. Може да уредува, полира, коригира и преведува содржини при тоа почитувајќи го стилот и тонот на компанијата.
Примери:
Маркетинг: кампањи, слогани, емаилови
Финансии: нацрти на политики
Продажба: извештаи, follow-up пораки
2. Истражување:
AI се користи за брзо учење, веб пребарување, анализа на конкуренција и сложени истражувачки проекти со повеќе чекори. Може да анализира внатрешни документи и да ги презентира резултатите во специфичен формат.
Примери:
Продажба и маркетинг: анализи на конкуренција
Финансии: пронаоѓање бенчмаркови
Продакт: анализа на повратни информации
IT: истражување на добавувачи
3. Кодирање:
Софтверските инженери користат AI за дебагирање, генерирање на нацрт код, пренос на код од еден јазик во друг и проверка на сопствениот код. Исто така, луѓе што не се програмери можат да користат AI за креирање Python скрипти, SQL барања или визуелизации преку природен јазик.
Примери:
Tinder користи AI за Bash скрипти
Маркетинг: интерактивни графици
Финансии: автоматизација на месечни извештаи
4. Анализа на податоци:
AI помага да се усогласат податоци од различни извори, да се идентификуваат трендови, и да се работи со комплексни табели без потреба од напредни вештини. Може да интерпретира визуелни графици и да го форматира излезот за известување.
Примери:
Poshmark користи ChatGPT за споредба на милиони редови
Продукт: анализа на трендови
Продажба: преглед на клиентски листи
Финансии: извештаи и хармонизација
5. Идеи и стратегии:
Овој тип е популарен за осмислување, структурирање документи, оптимизирање стратегии и давање повратни информации. AI моделите стануваат мултимодални – можат да разбираат говор и слики – и можат да помогнат во создавање стратегии според податоци, цели и ограничувања.
Примери:
Match Group користи GPT за симулирање фокус групи
Маркетинг: генерирање на кампањи
Финансии: стратегија за проширување
Продукт: лансирање производи
6. Автоматизации:
AI може да автоматизира повторливи, рутински задачи – од едноставни неделни ажурирања за конкуренцијата до сложени финансиски извештаи за раководство. Меморија и прилагодени инструкции (често споделени преку Custom GPTs) се клучни за префрлување на задачи со мала вредност.
Примери:
BBVA има сопствен GPT за анализа на кредитен ризик
Маркетинг: неделни извештаи
Продукт: резимеа од повратни информации
Финансии: подготвува прегледи за раководство
Како да идентификуваш и приоретизираш примена на AI
Идентификувај
Првиот чекор е да се препознаат задачите што одземаат време и енергија, а не носат доволно вредност. Размислувај за AI како твој „супер-асистент“: ти помага со рутината, за да се фокусираш на суштината.
Конкретни чекори за идентификација вклучуваат:
• Барање од тимовите да наведат сценарија и задачи каде им е тешко да започнат или каде се блокираат.
• Идентификување на задачи каде што трошат многу време на работа која не е вреднувана или не е најдобра употреба на нивното време (нивна „anti-to-do листа“).
• Препознавање на ситуации каде се појавува недостаток на вештини и потребна е помош од друг тим (пр. анализа на податоци, дизајн, пишување според бренд, веб развој).
Овие листи можат да се користат за идентификација на нови идеи, често како вовед во работилници или хакатони. Компаниите можат и да користат промптови со AI алатки како ChatGPT за генерирање на идеи според конкретни улоги.
Приоретизирај:
Откако ќе ги откриеш AI идеите што имаат потенцијал, следниот чекор е да решиш со кои вреди да почнеш – дали можат да се скалираат, да заштедат време или пари, или да донесат нов производ или услуга.
За тоа помага алатка наречена Impact/Effort Framework – едноставна матрица што ти помага да ги сортираш идеите според користа што ја носат и трудот што ќе треба за да ги реализираш:
🟢Фокус на висок поврат со малку труд: Брзи победи со големо влијание и малку вложување, најдобро за почеток.
🔵Лична примена: Најлесни проекти што може индивидуално да се креираат. Често започнуваат како лични решенија, но стануваат вредни за целиот тим.
🟡Висока вредност/многу труд: Идеи што можат вистински да ја променат работата, но бараат повеќе време и вложување. Пример: Indeed создаде автоматски начин за објаснување на препораки за работни места – развојот траел со месеци, но резултирал со 20% пораст на апликации.
🔴 Многу труд/мал импакт: Идеи што не се приоритет сега, но можеби ќе станат полесни со новите AI алатки.
Следни чекори
Сподели го овој систем низ целата организација
За тешки проекти, развивај Custom GPT
Лидерите треба да ги поддржат решенијата што имаат пошироко влијание
На секои 3-4 месеци повторно евалуирај – AI се подобрува и менува и можеби ќе претвори тежок случај во лесен.
ЗАДАЧА ЗА ТЕБЕ:
Напиши 3 задачи од твојот ден што ги мразиш.
Потоа прашај ChatGPT:
„Како може AI да ми помогне со ова?“
Преземи го водичот: 6 типични AI задачи за автоматизација и инспирација 👇
Find out why 1M+ professionals read Superhuman AI daily.
In 2 years you will be working for AI
Or an AI will be working for you
Here's how you can future-proof yourself:
Join the Superhuman AI newsletter – read by 1M+ people at top companies
Master AI tools, tutorials, and news in just 3 minutes a day
Become 10X more productive using AI
Join 1,000,000+ pros at companies like Google, Meta, and Amazon that are using AI to get ahead.
Дали ги имаш одговорено следниве прашања за себе
🧷 „Anti-to-do“ листа:
– Кои задачи најмногу ти ја црпат енергијата, а не носат вредност?
– Што најчесто одложуваш?
Промпт:
Овие 3 задачи ми одземаат многу време и ме заморуваат, а не носат вистинска вредност:
1. [вметни задача]
2. [вметни задача]
3. [вметни задача]
Како можам да ги автоматизирам, делегирам на AI, или барем да ги направам полесни со твоја помош?
📎 Блокади поради недостиг од знаење:
– Во што ти треба помош од друг тим или надворешен соработник?
– Каде постојано губиш време бидејќи ти недостига знаење или алатка?
Промпт:
Ми треба да завршам задача, но немам доволно знаење во оваа област:
[опиши го проблемот или алатката што ти е непозната]
Објасни ми што треба да направам – чекор по чекор – или предложи AI начин како да го решам.
🔍 Нејасни почетоци:
– Кои проекти не знаеш како да ги започнеш?
– Кои прашања би сакал некој да ти ги постави за да се организираш подобро?
Промпт:
Имам проект или идеја, но не знам од каде да почнам.
Темата е: [опиши ја темата или целта].
Помогни ми со план на активности, или постави ми прашања што ќе ми помогнат да се организирам.
Што пропушти од претходните изданија? Дали го владееш целосно ChatGPT? На твојот мејл ќе најдеш сè што ти треба:
бр.17 и бр.18 Што сè може ChatGPT: водич, примери и конектори
бр.20 Направи свој CustomGPT и како работат Projects
Имаш нешто конкретно што ти се допадна или недостасуваше?
После гласањето, слободно напиши краток коментар!
Како ти се виде денешната содржина? |
Се читаме наскоро,
Тимот на aitekka
Reply