- aitekka
- Posts
- Добредојде во #3 издание на aitekka!
Добредојде во #3 издание на aitekka!
Практични AI алатки, совети и инспирации

Колку побрзо почнеме да користиме AI , толку повеќе време, енергија и нерви ќе си заштедиме. А најдобриот дел? Можеш одма да почнеш.
Во овој број нудиме:
AI водич
Практична примена на AI алатки- Guidde
Промптови
Онлајн продажба
Угостители
Mенаџмент со човечки ресурси
Забавен дизајн со AI
Ново во светот на AI
Ако уште се мислиш од каде да почнеш - ова е твојот брз водич.
Превземи го бесплатно и сподели го со пријател, колега, фамилија - не ги држи во темница! | ![]() |
Guidde е алатка што ти овозможува да снимиш видеа со упатства чекор-по-чекор – автоматски ги снима кликовите, ги претвора во видео и додава титлови. Совршена е ако сакаш да објасниш нешто на клиент, колега, или пријател – без да пишуваш долги пораки. На пример, можеш за 3 минути да покажеш како се нарачува преку вебсајт, или како се користи некоја апликација.
Се инсталира како Chrome extension, и можеш да го користиш на било која страна за која сакаш да дадеш упатство.
Пробај го бесплатно: https://www.guidde.com
Следи ги упатствата од нашето видео👇
За онлајн продажба (Instagram продавница или сајт):
Ископирај го следниот промпт во ChatGPT (или друг AI по твој избор):
„Напиши опис на производ на македонски јазик за Instagram продавница што продава [внеси производ]. Тон: топол, привлечен, со фокус на квалитет и уникатност. Вклучи и хаштаг предлози.
За угостители
Ископирај го следниот промпт во ChatGPT (или друг AI по твој избор):
„Предложи неделен маркетинг план за мал ресторан во [внеси место] што има ограничен буџет. Планот треба да вклучува конкретни идеи за објави на Facebook и Instagram (со текст и теми), стратегии за привлекување нови гости со минимални трошоци, предлози за викенд понуди или тематски настани, и совети како да се поттикне ангажман од постојаните гости.“
За менаџмент со човечки ресурси
Ископирај го следниот промпт во ChatGPT (или друг AI по твој избор):
Делувај како ментор за лидерски вештини и психолог за развој на работни тимови. Помогни ми да осмислам стратегија за градење култура на одговорност во мојот тим во [внесете тип на компанија или тим].
Подготви детално, чекор-по-чекор упатство кое ќе опфати: поставување јасни очекувања, активно учество во поставувањето и исполнувањето на целите, давање конструктивен фидбек, поттикнување меѓусебна одговорност и воведување навики или системи што ќе го зајакнат доследното исполнување на обврските.
Вклучи креативни тимски активности или формати за состаноци што ќе поттикнат отворен дијалог за одговорноста, и предложи начини како да се постапува во ситуации кога недостасува одговорност, без да се наруши моралот на тимот.
Додади примери од реалниот живот или сознанија од бихевиоралната психологија за полесно и подолготрајно прифаќање на новите навики.
Тонот треба да биде практичен, мотивирачки и насочен кон долгорочна промена на културата во тимот.
Како да се претвориш во 3D стилизиран лик со помош на АI?
![]() @DannPetty | Прво додади твоја фотографија во ChatGPT, потоа додади ја оваа и ископирај го целиот промпт: Претвори ја вистинската фотографија лево во стилизирана 3D илустрација на лик, слична на ликот од десната слика. Користи мазни текстури како од глина. Меко осветлување со суптилен сјај. Пријателски и цртан израз на лицето. Високо ниво на деталност и изразена личност. |
Дизајнот што ти го ветивме на нашата facebook страна - Можеш со твоја или фотографија од позната личност.
Ископирај го следниот промпт во ChatGPT:
Trompe l'oeil illusion на (субјект) облечен(а) во (облека), како излегува од голем екран што прикажува интерфејс од социјална мрежа (на пример Instagram). Екранот го прикажува корисничкото име @[вметни корисничко име], со 1.000 лајкови и [100] коментари. Околу екранот лебдат емотикони (со срца во очите, насмеани лица). Позадината е [опиши по избор]. Субјектот можете сами да го наведете или да ставите Ваша фотографија и тогаш во промптот би напишале „Trompe l'oeil illusion на субјектот од фотографијата...“ | ![]() ![]() |
- Duolingo преминува на „AI-first“ стратегија - Во интерна објава на LinkedIn, извршниот директор на Duolingo, Луис вон Ан, објави дека компанијата официјално преминува на пристап „AI-first“ – стратегија што ќе ја трансформира нивната работа и ќе ја постави вештачката интелигенција во срцето на сите процеси.
📌 Што значи ова: – Компанијата постепено ќе ги замени надворешните соработници со AI таму каде што тоа е изводливо. Вон Ан ја спореди оваа AI транзиција со мобилниот фокус на Duolingo во 2012, кој доведе до огромен успех. Читај повеќе ТУКА.
-Easy Edits: Google најави дека ќе може да се менуваат слики директно во апликацијата Gemini, каде со еден промпт ќе може да ја направите посакуваната промена. На пр. „Замени ја мојата коса со сребрена“, или „Смени ја позадината со плажа“.

-Нов тренд онлајн: Што се случува кога 100 пати ќе му кажеш на AI „не менувај ништо“? Корисници му даваат портрет на ChatGPT и повторно му бараат: „Направи иста копија, ништо не менувај.“ На почетокот – речиси и да нема разлика. Но по 100 повторувања, сликата почнува чудно да се менува.
🌀 Еве каде завршуваат работите: „расипан телефон“
СЛЕДНИОТ БРОЈ: Како САМ да направиш ВЕБ СТРАНА без никакви предзнаења.
Плус многу други корисни апликации и забавни дизајни.
Подготвуваме и детален одговор на ПРАШАЊЕ ОД ЧИТАТЕЛ: КАКО ДА СЕ ИЛУСТРИРА ДЕТСКА КНИГА СО ПОМОШ НА AI
📝 Отворени сме за твоите прашања и идеи:
После гласањето, можеш да напишеш и краток коментар!
Како ти се виде денешната содржина? |
Прати ни мејл ако имаш свои идеи или ако сакаш да учествуваш во некои од следните изданија.
Следи нè на социјалните мрежи за повеќе идеи и туторијали и преку неделата. |
Се читаме наскоро,
Тимот на aitekka
Reply