• aitekka
  • Posts
  • #18 Следното ниво со ChatGPT: водич, примери и тајни конектори

#18 Следното ниво со ChatGPT: водич, примери и тајни конектори

Практични AI алатки, совети и инспирации

Имаме уште работа со ChatGPT. Минатиот пат заборувавме за скриените функции, застанавме до конекторите. Ти ветивме и водич за користење.

Денес ќе најдеш

  • Поврзување на ChatGPT со Gmail, Google Drive, GitHub, HubSpot и други (со преземање на водичот)

  • Како да пишуваш поефективни промптови

  • Превземи „Предлог за пишување промптови“ – за подобри резултати

  • Примери на практични промптови

  • Генерирање слики со AI – визуелно и забавно

КОНЕКТОРИ

Што се всушност ChatGPT Connectors? Тие се напредна функција достапна за корисници со ChatGPT Plus (или повисоки планови), која овозможува ChatGPT да се поврзе со твоите надворешни извори – како Google Drive, Gmail, Dropbox, GitHub, Outlook, Microsoft Teams итн.

Со тоа:

  • Може да чита PDF, Excel или Word документи од твојот Drive

  • Да пребарува низ мејлови, да сумира пораки или да извлече клучни податоци

  • Да ти помогне со извештаи врз основа на податоци од табели

  • Да состави нов документ врз основа на шаблон кој ти го имаш

Колку е ова безбедно? ChatGPT има само read-only пристап, ги почитува дозволите на документите и не праќа ништо без твоја дозвола.

Превземи го документот со целосното објаснување и конкретни примери 👇

Поврзување на надворешни извори во ChatGPT.pdf17.87 MB • PDF File

ПОДОБРИ ПРОМПТОВИ

И нема бегање : Без добар промпт, не можеш максимално да ги искористиш можностите на било кое AI. Во нашиот водич за AI (кој го доби со првиот welcome mail) веќе ги објаснивме основите на креирање добар промпт (prompt engineering). Денес ќе ти дадеме повеќе опции што можеш да ги вметнеш во твојот промпт за подобри резултати. Освен доделување улога, има и други детали кои можеш да ги поставиш во промптот за да добиеш уште попрецизен резултат.

СТИЛ НА ПИШУВАЊЕ (За да му кажеш на моделот каков тип текст сакаш)

  • Правен

  • Пародичен

  • Сатиричен

  • Утопистички

  • Сократовски

  • Уреднички

  • Драматичен

  • Научен

  • Интервју

  • Историски

  • Технички

  • Романтичен

  • Аргументативен

  • Кинематографски

  • Рефлексивен

  • Експозиторски

  • Новинарски

  • Инструкциски

  • Биографски

  • Филозофски

ГЛАГОЛИ (почни го промптот со дејство)

  • Објасни

  • Опиши

  • Продискутирај

  • Спореди

  • Спротистави

  • Дефинирај

  • Анализирај

  • Оцени

  • Илустрирај

  • Предвиди

  • Постави хипотеза

  • Замисли

  • Предложи

  • Убеди

  • Оправдај

  • Критикувај

  • Интерпретирај

  • Сумирај

  • Истражи

  • Размисли

  • Разгледај

  • Процени

  • Направи преглед

  • Изведи заклучок

  • Докажи

  • Истакни

  • Класифицирај

  • Организирај

  • Поедностави

  • Охрабри

  • Прегледај

  • Провери

  • Креирај

  • Развивај

  • Генерирај

ГЛАС („Карактерот“ на текстот – како да зборува текстот)

  • Формален

  • Сериозен

  • Професионален

  • Без емоции

  • Неформален

  • Разговорен

  • Лежерен

  • Топол

  • Пријатен

  • Интелигентен

  • Сигурен

  • Логички

  • Духовит

  • Саркастичен

  • Остроумен

  • Ироничен

  • Енергичен

  • Рационален

  • Смирен

  • Нежен

  • Агресивен

  • Инспиративен

ТОН (Емоционалната боја и ставот на текстот)

  • Оптимистички

  • Позитивен

  • Мотивирачки

  • Емпатичен

  • Сочувствителен

  • Сериозен

  • Забавен

  • Носталгичен

  • Критички

  • Драматичен

  • Рефлексивен

  • Убедлив

КОНТЕКСТ (Податоците, публиката, околностите или ограничувањата околу задачата)

  • Податоци

  • Тема

  • Фокус

  • Трендови

  • Индустрија

  • Приходи

  • Повратни информации

  • Резултати

  • Цели

  • Ограничувања

  • Конкуренција

  • Лични цели

  • Барања од клиенти

  • Клучни поенти

Еве како изгледа ова во пракса:

1. Избери улога за моделот

Почни со:
„Преземи ја улогата на…“
Примери:

  • наставник по англиски јазик

  • маркетинг експерт

  • туристички водич

  • родител кој објаснува нешто на дете

2. Додај глагол, излез и цел

Според формулата:

ГЛАГОЛ + ИЗЛЕЗ + ЦЕЛ

Примери:

  • Создај инфографик за користење на AI во образованието

  • Истражи нови трендови со цел подобрување на содржини за социјални мрежи

  • Напиши скрипта за кратко видео кое го објаснува поимот „емпатија“

3. Одреди стил на пишување, глас и тон

Стил: На пример „новинарски“, „едноставен“, „научен“, „рефлексивен“
Глас: Дали звучиш формално, пријателски, ентузијастички, смирено?
Тон: Дали сакаш текстот да биде аналитички, носталгичен, мотивациски?

4. Додади контекст

Контекстот му помага на моделот да разбере:

  • На кого му е наменет текстот?

  • Што веќе знае публиката?

  • Дали има ограничувања (време, должина, ниво)?

  • Дали постои одредена цел или предизвик?

Пример:

„Пишувај како наставник кој објаснува 'генетика' на ученици од 9-то одделение, користејќи едноставен стил, љубопитен глас и ентузијастички тон. Вклучи примери од секојдневниот живот. Користи максимум 200 зборови.“

Како сѐ ова да користам?

  1. Улога – Кој треба да зборува?

  2. Глагол + Излез + Цел – Што да направи, каков тип содржина, со која намера?

  3. Стил / Глас / Тон – Како да звучи?

  4. Контекст – За кого, во која ситуација, со кои ограничувања?

Ова нека ти послужи како идеја, сигурно ќе ти текнат многу други варијанти.

Превземи си го овој урнек да ти биде полесно 👇

Предлог_за_пишување_промптови.pdf29.00 KB • PDF File

Пример 1: За образовен билтен

Улога: Наставник по англиски
Глагол: Напиши
Излез: Писмо до родителите
Цел: Информирање за новиот проект во училиштето
Стил: Информативен
Глас: Искрен
Тон: Оптимистичен
Контекст: Родителите на ученици од 6. одделение, кои ретко добиваат е-пошта и сакаме да ги мотивираме да бидат поангажирани

🧠 Финален промпт:

Преземи ја улогата на наставник по англиски. Напиши писмо до родителите за да ги информираш за новиот проект во училиштето користејќи информативен стил, искрен глас и оптимистичен тон. Контекст: Родители на ученици од 6. одделение кои ретко добиваат е-пошта, сакаме да ги мотивираме да бидат поангажирани.

Можеш ли сам да ги идентификуваш сите елементи од промптот?

Пример 2: За Canva пост на Facebook

Преземи ја улогата на маркетинг експерт. Осмисли текст за пост за да поттикнеш пријавување на нов курс користејќи минималистички стил, топол глас и охрабрувачки тон. Контекст: Facebook пост насочен кон родители кои бараат активности за своите деца во лето.

Пример 3: За видео скрипта за здрава храна на TikTok

Преземи ја улогата на креатор на содржина за здрава исхрана. Напиши скрипта за кратко TikTok видео со кое ќе ја прикажеш подготвката на едноставен и здрав оброк, користејќи спонтан стил, топол и пријателски глас и мотивирачки, енергичен тон. Контекст: Публика од 25 до 40 години која сака да се храни здраво, но нема многу време за готвење.

Доста учевме, ај сеа малце лабаво. Следниве промптови можеш да ги адаптираш по свое и внеси ги во ChatGPT.

Промпт 1: Генерирај фотореалистична дигитална слика од тројца луѓе (различни по пол и изглед) кои одмараат на јахта, опкружени со мирно сино море и сонце. Користи реалистичен стил, спокоен глас и летен, безгрижен, елегантен тон. Контекст: Слика без текст, погодна за блог, банер или визуелна најава за луксузно патување

.

Промпт 2: 

Прикажи сурфер облечен во црно сурферско одело, кој прави селфи додека јава бран. Сцената е фатена од неговата испружена десна рака, која ја држи камерата или мобилниот телефон. Лицето му е мокро, со развеана коса, насмеано или со возбуда, а зад него се замрзнува огромен бран со бела пена и аква-син сјај. Селфито е фатено под агол нагоре во момент на акција или веднаш по пробивање низ бран. Позадината е благо заматена, со ефекти од прскање, брзина и природна хаотична енергија. Само едната рака (таа со која слика) е видлива. Целта е фотографијата да изгледа автентично, динамично и со реална перспектива.

Знаеш дека можеш да прикачиш и твоја фотографија и да побараш ликот на ново создадената слика да е твој?

Имаш нешто конкретно што ти се допадна или недостасуваше?
После гласањето, слободно напиши краток коментар!

Се читаме наскоро,

Тимот на aitekka

Reply

or to participate.