• aitekka
  • Posts
  • #13 Секое видео на дланка со Glasp

#13 Секое видео на дланка со Glasp

Практични AI алатки, совети и инспирации

In partnership with

Ако немаш инсталирано Glasp, денес е денот да научиш како во секунда да добиеш текст од секое YouTube видео и што сѐ можеш да направиш со него.

Дознај за:

  • Glasp – транскрипт од секое видео

  • 5 ChatGPT идеи за користење на видео транскрипти

  • Промптови: AI како твој личен ментор

  • Генерирај слики со AI

  • AI вести - фејк инфлуенсери и реални проблеми

  • Твое мислење- кажи ни што да истражиме за тебе?

GLASP - добиј транскрипт од секое видео

👋 Што е Glasp?

Glasp е бесплатна екстензија на твојот browser (Google Chrome, Safari, Edge) која ти овозможува да добиеш транскрипт од YouTube видео со еден клик. Значи ако си гледал подолго видео, сакаш да се присетиш без повторно да го гледаш, или на брзина да извадиш важни поенти, или цитати, со Glasp тоа брзински ќе го направиш. Прво ќе ти покажеме како, а потоа и неколку идеи на кој сѐ начин можеш да го користиш.

Оди на следнава страна 🔗 glasp.co/youtube-summary

Ќе треба да го одбереш својот browser и да ја додадеш екстензијата. 👇

Откако ќе ја додадеш екстензијата, автоматски веќе ја имаш во десниот горен агол на твојот browser. 👇

И на следното отварање YouTube, веќе можеш да го превземеш транскриптот. Со платената верзија можеш да ги користиш и другите опции, но ние ќе те научиме сѐ тоа да го правиш БЕСПЛАТНО!

Во десниот агол ќе можеш да го ископираш транскриптот 👇

 

ИДЕИ ЗА ТВОЈОТ ТРАНСКРИПТ

Копирај ги следниве промптови во ChatGPT(или било кое AI) заедно со твојот трансрипт од Glasp:

Идеја бр1: ИЗВАДИ РЕЗИМЕ И КЛУЧНИ ПОЕНТИ

Ова е транскрипт од едно видео [внеси го целиот транскрипт]. Направи ми кратко резиме со 5 најважни идеи.

Идеја бр2: ЦИТАТИ

Издвои ми 5 интересни цитати од овој транскрипт [внеси го целиот транскрипт].

Идеја бр3: ПРАШАЊА

Извади ги сите прашања од овој транскрипт [внеси го целиот транскрипт].

Идеја бр4: ИЗВОРИ

Најди ми 3 извори онлајн што ги подржуваат тврдењата во ова видео [внеси го целиот транскрипт].

Идеја бр5: КОНТРААРГУМЕНТИ

Идентификувај ги сите аргументи во ова видео [внеси го целиот транскрипт] и за секој аргумент предложи ми контрааргумент со кратко објаснување.

Можностите се неограничени, сѐ зависи од твојата креативност и потреби: создади БЛОГ, КВИЗ, ОБЈАВА за социјални мрежи…

НЕ ЗАБОРАВАЈ! Не е важно на кој јазик е видеото, сѐ ќе добиеш на јазик кој што го сакаш - дури и ништо да не разбираш, може целиот транскрипт да го преведеш во ChatGPT.

🤖 AI НЕ чека – зошто би чекал ти?
Сакаш лесен пристап до 1000+ ChatGPT промптови, алатки, и мини курсеви за само 3 минути на ден? Погледни ја препораката што ја ставивме подолу – ако учиш од Aitekka, ова ќе ти дојде како следно ниво. Кликни и разгледај 👇

Find out why 1M+ professionals read Superhuman AI daily.

In 2 years you will be working for AI

Or an AI will be working for you

Here's how you can future-proof yourself:

  1. Join the Superhuman AI newsletter – read by 1M+ people at top companies

  2. Master AI tools, tutorials, and news in just 3 minutes a day

  3. Become 10X more productive using AI

Join 1,000,000+ pros at companies like Google, Meta, and Amazon that are using AI to get ahead.

Промпт за персонализиран коучинг од AI

Замисли дека имаш искусен ментор до себе – достапен 24/7. Со овој промпт, можеш да добиеш совети, прашања и насоки од AI, прилагодени на твојата лична ситуација.

🧠 Постави го овој промпт во ChatGPT или Gemini:

Постави се како искусен и поддржувачки ментор во областа [внеси ја областа – пример: личен развој, бизнис, пишување, фитнес...]. Сакам да постигнам [конкретна цел – пример: да започнам свој онлајн бизнис, да напишам книга, да создадам план за вежбање...]. Поставувај ми прашања, давај предлози и води ме сè додека не добијам јасен и остварлив план за постигнување на целта.

🛠️ Примери како да го искористиш:

  • За бизнис:
    Постави се како ментор за онлајн бизнис. Сакам да го зголемам моето онлајн присуство и да лансирам дигитален производ.

  • За личен развој:
    Постави се како ментор за продуктивност. Сакам подобро да си го организирам денот и да избегнам преморување.

  • За учење:
    Постави се како ментор за креативно пишување. Сакам да напишам и објавам кратка приказна на англиски јазик.

🗝️ Совет: Почни со конкретна цел и дозволи му на AI да те води чекор по чекор – ќе добиеш подобар фокус, структура и поддршка во процесот.

Ако се чувствуваш дека си нешто заглавен, пробај вака, малку „по војнички“:

Биди мој личен ментор без влакна на јазикот . Поставувај ми директни, непријатни прашања за да ги откријам навиките, мисловните шеми и изговорите што ме кочат. Притисни ме да преземам целосна одговорност и да се соочам со вистината. На крајот, дај ми јасна, предизвикувачка акција што МОРАМ да ја направам денес за да го прекинам кругот.

Да не објаснуваме многу, сликиве ќе си кажат 👇

Промпт 1:

Суреална и имагинативна сцена што прикажува крупен кадар од метална лажица која лебди над шолја со пенливо кафе. Во одразот на лажицата е беспрекорно стопена минијатурна плажа – со златест песок, тиркизни бранови што удираат на брегот, луѓе што шетаат покрај морето и птици што летаат над океанот. На хоризонтот се редат бели облаци и палми, создавајќи атмосфера налик на сон. Сликата спојува реалност и фантазија, давајќи илузија дека плажата се истура во кафето. Осветлувањето е меко и топло, соопштувајќи релаксирачки и волшебен амбиент. HD квалитет.

Промпт 2:

Фотореалистична, многу детална дигитална фотографија со природно дневно осветлување. Минијатурен работен простор е сместен во транспарентна стаклена капсула, поставена на песочна плажа покрај море во текот на ведар и сончев ден. Брановите нежно се удираат на брегот, а морската површина одразува светлосини нијанси од небото. Внатре во капсулата се наоѓа модерен дрвен биро со компјутер, лаптоп, ламба, столица и мали растенија во саксии. Зад работната маса, на ѕидот, стои 3D натписот „aitekka“. Сцената е свежа, инспиративна и светла, со пријатни нијанси на сина, зелена и беж, создавајќи чувство на мир и продуктивност.

Дали ги прочита претходните изданија? Може таму се крие нешто што ќе ти го олесни животот! Не пропуштај! https://aitekka.com/

Reddit лансира нови AI алатки и лиценцира податоци

Според Observer, Reddit објави дека ќе понуди AI алатки за сумирање и генерирање одговори, насочени кон подобрување на корисничкото искуство на платформата. Плус, нивните податоци веќе се лиценцирани за тренирање на AI модели, вклучително и GPT. Ова е дел од поголема стратегија со која Reddit сака да стане активен играч во AI екосистемот.

AI на Instagram-блокорани профили

Илјадници корисници на Instagram пријавуваат дека нивните профили се блокирани или избришани – без никакво објаснување. Се сомневаат дека AI кој Instagram го користи (автоматски открива „неприфатливо однесување“) почнал неконтролирано да блокира. Некои од корисниците добиле известување дека го прекршиле правилникот без да добијат детали што точно згрешиле. Мeta сè уште официјално не изјавува ништо, но аналитичари и корисници масовно го посочуваат AI системот за модерирање како виновник. 🔗 Повеќе ТУКА 

Новите инфлуенсери на TikTok ќе бидат „фејк“

TikTok прави нов експеримент: видеа што изгледаат како да се снимени од вистински луѓе, а всушност се целосно генерирани од AI.
Целта на ова е да се рекламираат производи, но на начин што делува природно, како да се дел од обичен TikTok feed, а со инфлуенсер генериран од AI.

🔗 Повеќе инфо 

СЛЕДНИТЕ ИЗДАНИЈА : Истражуваме и подготвуваме алтаки како да ПАМПТИШ  и ЗАЧУВАШ сѐ што ќе видиш ОНЛАЈН! Дискусија за преголемите ветувања со AI и зошто не е сѐ така лесно и розево.

Имаш нешто конкретно што ти се допадна или недостасуваше?
После гласањето, слободно напиши краток коментар!

Се читаме наскоро,

Тимот на aitekka

Reply

or to participate.