• aitekka
  • Posts
  • #12 Пробај го најемпатичниот AI-дали е можно да те разбере?

#12 Пробај го најемпатичниот AI-дали е можно да те разбере?

Практични AI алатки, совети и инспирации

In partnership with

Кој рече дека AI е бесчуствителна? Сакаш да зборуваш со AI која има високо ниво на емпатичност? Плус, повторно ти ја покажуваме моќта на зборот - за да добиеш секаков вид на слики.

Одма дознај за:

  • Емотивен AI

    • Како да почнеш со најемпатичниот модел до сега  PI 

  • Генерирај си професионални фотографии со InstaHeadshots

  • Промптови кога ќе заглавиш со пишување

  • Генерирај слики со AI: Од амблеми на град до сцени од филм

  • Pinterest креира, Wikipedia се повлекува, Hollywood тужи – што прави AI сега?

  • Твое мислење- кажи ни што да истражиме за тебе?

Pi е повеќе од број

Што е Pi.ai?

Pi е личен AI-систем (познат и како „Personal Intelligence“), создаден од Inflection AI, компанија основана во 2022 година (aiscores.com) и има над 1 милион корисници. Целта е да биде „пријателски настроен“, емпатичен и секогаш подготвен за разговор.

Моделот кој го користи Pi – Inflection‑1, и понатаму Inflection‑2.5 – е наменет за емоционално интелигентна интеракција.

Како да го користиш Pi?

  • Може преку мобилна апликација (iOS и Android) или веб-верзија 

  • Нема потреба од сметка – можеш веднаш да почнеш разговор. Може да ги зачувуваш разговорите ако креираш сметка.

  • Поддржува гласовни одговори.

Клучни карактеристики и предности

  1. Емпатичност и емоционална интелигенција – Pi сака да биде „другар што слуша“, дури и Bill Gates забележа дека „добро го слуша вашиот збор“ .

  2. Kорисниците велат дека е „пријателски, разбирлив и забавен“ .

  3. Чувствителен на емоции и контекст – ако се обидеш со навредлив тон, Pi обично „се чувствува повредено“ или ќе те поттикне кон поемпатичен одговор .

  4. Не споделува податоци со трети страни, комуникациите се шифрирани, а корисникот може да побара и бришување на податоците

  5. Бесплатен е!

Ограничувања

  • Кратка меморија – Pi може да ја заборави улогата или одредени делови ако разговорот е долг

  • Ограничен за технички и посложени задачи

  • Комуницира само на англиски

Погледни го нашиот ТУТОРИЈАЛ

Ако ти требаат ПРОФЕСИОНАЛНИ ФОТОГРАФИИ, пробај ја InstaHeadshots, алатка што со помош на AI создава професионални headshot фотографии од неколку твои селфија. Ветува дека за неколку минути ќе добиеш над 100 професионални фотографии во различни стилови – совршени за LinkedIn, CV, веб-сајт, или професионален профил.👇

Still using that old profile pic?

Whether you’re job hunting, networking, or building your brand, your profile pic speaks before you do.

InstaHeadshots turns casual selfies into professional-grade headshots in just 5 minutes—no studio, no stress. Some quick details:

💼 Perfect for LinkedIn, resumes, websites & more.
🔒 No subscription. No data stored.
🕔 Ready in minutes. Really.
✅ Used by 150,000+ professionals from Google, Amazon, Microsoft & more.

✍️ Кога не ти оди пишувањето...
Некогаш идеите доаѓаат сами, а некогаш – никако. Ако седиш пред празна страница или си заглавен со неколку реда што не ти звучат како што треба, AI може да ти помогне.
Овие промптови се практични примери што можеш веднаш да ги пробаш – во ChatGPT, Gemini.

Ми треба свежа идеја за [вид на текст: блог, расказ, објава, говор] на тема [тема]. Можеш ли да ми предложиш 5 различни пристапи/аспекти?

Немам никаква идеја... Можеш ли да ми поставиш 3 провокативни прашања за да ми се разбуди инспирацијата за пишување на [тема]?

Помогни ми да направам структура за текст на тема [тема]. Сакам да содржи вовед, развој и заклучок. Што би било паметно да вклучам?

Не знам од каде да почнам. Можеш ли да ми предложиш прв пасус за вовед на текст за [тема]?

Напишав неколку реда, ама не ми се допаѓа. Можеш ли да ми ги прочиташ и дадеш совети како да ги направам поинтересни?
(Потоа само додади ги твоите реченици)

Се чувствувам заглавено и несигурно во пишувањето. Можеш ли да ми дадеш неколку мотивациски совети или техники за да се „одблокирам“?

Да замислиме дека сум познат писател кому му треба само мал поттик. Одржи ми мал инспиративен говор.

Ми требаат 3 различни верзии на истата идеја за вовед. Темата е [тема]. Едната нека биде сериозна, другата хумористична, третата поетска.

Оваа слика ја создадовме во ChatGPT. Ја ставивме реалната фотографија заедно со овој промпт:

Креирај извезен амблем од прикачената слика. Додај извезен текст "Ohrid". Користи мека бела или крем-платнена позадина и природно осветлување за да се истакнат текстурата и длабочината. Користи ги боите на македонското знаме.

Пробај го промтот за друг град-додади и своја идеја.

Стави твоја фотофграфија и 👇овој промпт во ChatGPT😀 Што можат да сменат само неколку збора:

Фотореалистична, драматична сцена: сл1.роботот од прикачената слика (антропоморфен, со насмевка и пријателски изглед) самоуверено излегува од огромен екран на паметен телефон. (сл.2 реалистичен женски лик излегува самоуверено од огромен екран на паметен телефон. Таа носи модерна лежерна облека – фармерки, бела дуксерка со натпис „Aitekka“, патики и очила за сонце). Екранот прикажува Instagram профил со корисничко име @aitekka и аниме-стил профилна слика. Стаклото на телефонот е искршено, со парчиња што летаат наоколу, создавајќи кинематографски ефект. Во позадина се гледа заматен ноќен град со светлечки боке точки. Роботот изгледа решително и модерно – симболично ја напушта дигиталната сфера и влегува во реалниот свет.

Фотореалистична, ултра детална и хумористична сцена на прометна улична пазарска тезга. Робот со човечки карактеристики трча на две нозе, цврсто прегрнувајќи голем, сјаен жолт плик. Роботот има одлучен, драматичен израз на лицето со широко отворени очи и отворена уста, како да вика. Зад него, шокирани луѓе трчаат и викаат по него. Во позадина се гледаат отворени тезги, пазарски натписи и неколку случајни минувачи кои реагираат со изненадување. Динамично осветлување, богати детали, кинематографски состав, сцена „замрзнат кадар“ со експресивно движење и замаглување, сооднос 9:16.

Дали ги прочита претходните изданија? Може таму се крие нешто што ќе ти го олесни животот! Не пропуштај! https://aitekka.com/

  • 🛍️ Pinterest тестира AI алатка за автоматски "shopping collages" од продукт-каталози
    Новата функција „auto‑collages“ користи AI за да генерира визуелно привлечни колажи од производи кои директно можат да се купат. Во тест фазата, колажите се зачувуваат двапати повеќе отколку стандартните Pins од страна на корисниците 🔗 Дознај повеќе

  • 🧠Wikipedia ја паузира функцијата за AI-генерирани кратки прегледи на статиите
    Функцијата која автоматски создаваше кратки прегледи (summary) на статиите на мобилната верзија на Wikipedia е стопирана поради негативни реакции од волонтерските уредници. Тие изразија загриженост за можна загуба на доверба во содржината, особено поради честите „AI халуцинации“ – неточни или измислени информации. 🔗 Дознај повеќе

  • 🎬 Disney и Universal размислуваат за тужба против Midjourney поради кршење на авторски права
    Hollywood ги заострува ставовите: Disney и Universal наводно се подготвуваат за правни чекори против Midjourney, AI алатка за креирање слики, поради тоа што корисници создаваат слики со ликови слични на нивните франшизи. Се поставуваат прашања за тоа дали AI моделите незаконски „учат“ од заштитени содржини, што може да стане клучен случај за иднината на авторските права и AI . 🔗 Прочитај ја целата вест

СЛЕДНИТЕ ИЗДАНИЈА : Како да ПАМТИШ  и ЗАЧУВАШ сѐ што ќе видиш ОНЛАЈН: слика, производ, пасус од некој текст, вест или само рецеп? Пробавме една апликација за тебе! А ќе разговараме и за преголемите ветувања со AI и зошто не е сѐ така лесно и розево, иако така тврдат и од сите страни сакаат да ти продадат нешто.

Имаш нешто конкретно што ти се допадна или недостасуваше?
После гласањето, слободно напиши краток коментар!

Се читаме наскоро,

Тимот на aitekka

Reply

or to participate.