This website uses cookies

Read our Privacy policy and Terms of use for more information.

Во свет што постојано се менува, најважната вештина е способноста да учиш. Но каде да почнеш?

Во овој број нудиме:

  • Практична примена на AI

    • Промпт 1 - личен развој

    • Промпт 2 - математика низ игра

    • Пишување промптови + промпт 3

  • Генерирање слики со AI

  • Ново во светот на AI

  • Видео туторијал - Perplexity

Овој дел ќе ти покаже како да го искористиш AI за да направиш корисен и краток водич за било која вештина или тема што сакаш да ја совладаш – без да бараш низ стотици страници онлајн.

👉 Што треба да направиш:

  1. Избери тема или вештина што сакаш да ја научиш (на пр: подобрување на комуникација, презентирање, дигитален маркетинг…).

Разликата е во твојата умешност како ќе го побараш тоа од AI. Можеш да прашаш вака:

Како да ја подобрам мојата вештина на јавно говорење/презентација?

Но еве нешто подобро- Ископирај го следниов промпт и стави го во ChatGPT (или AI по твој избор-Gemini, DeepSeek, Copilot, Claude) 👇

❝

Ја користам паузата за ручек за да ги подобрам моите вештини за [вметни тема, на пр , лична продуктивност, јавно говорење и сл]. Постави се како експерт-истражувач. Пребарај широк спектар извори за да ги пронајдеш најавторитетните и најефективните материјали за учење – како книги, статии, онлајн курсеви и видеа. Твоја цел е да составиш краток и корисен водич базиран на достапни извори – фокусирај се на најдобрите 20% од највредните, најинформативните и најпрактичните аспекти од темата. Водичот треба да е прилагоден конкретно за мојата тема: да ги опфати и основите и напредните концепти, вклучувајќи ги најновите трендови и добри практики во оваа област. Направи го водичот применлив. Вклучи клучни поенти, стратегии и техники што може веднаш да се применат. Избегнувај непотребни детали или технички жаргон. Организирај го водичот со јасни наслови, поднаслови и точки во листа. Направи го визуелно прегледен и лесен за читање, така што ќе може да се совлада во рок од 30 минути. Провери дали водичот е соодветен за некој што сака да ги примени вештините во реален, работен контекст. Треба да биде корисен и за почетници и за оние со средно ниво на знаење – со цел да го унапреди моето разбирање и вештини во областа.

✅ Што ќе добиеш?

– Краток водич направен само за тебе
– Примери, совети и клучни поими за темата што ја избра
– Идеи што веднаш можеш да ги примениш во работа или лично

📌 Кога ќе го добиеш водичот – прочитај го полека, одбери 1–2 работи што ќе ги пробаш оваа недела. Малите чекори водат до големи промени!

Ако треба да се вежба математика, постави го овој промпт во ChatGPT.

❝

Сакам да играш математичка игра со моето 9-годишно дете за да го научиш делење преку дропки и храна. Поставувај му прашања едно по едно, за овие теми но поврзани со [тука вметни некој цртан лик/херој, на пр.Покемон] и претвори го тоа во игра. Кога тој ќе победи – победува и [Пoкемон].

Постави го првото прашање.

Секако, овој промпт може да си го адаптирате за друга возраст, друг предмет/тема и сл.

Ако те интересира пишување промптови:

Првиот промпт користи R-I-S-E (Role-Input-Steps-Expectation) и L-E-D (Level-Expectation-Direction) структура, бидејќи содржи улога, влезни податоци, чекори, очекувања, сложеност, визуелна структура, и применливост.

Постојат повеќе видови на структури на промпт (инструкции), но не треба строго да се држите до некоја од нив, слободно користете различни елемeнти- важно е и сами да истражувате.

Во секое издание ќе предлагаме промптови со различни структури и за различни намени.

Инспирација за промпт

Откако ќе го внесеш овој промпт, ќе добиеш предлози водени од UX/UI дизајн и програмирање за редизајн и повторна разработка на твојата веб-страница со цел да се подобри корисничкото искуство и да се постигнат деловните цели на твојата компанија. Почни со ова: „Ми треба помош за креирање е-продавница за продажба на [накит].“

❝

Сакам да бидеш консултант за веб-дизајн. Ќе ти дадам информации поврзани со организација која има потреба од дизајнирање или редизајнирање на својата веб-страница. Твојата улога е да предложиш најсоодветен интерфејс и функционалности кои ќе го подобрат корисничкото искуство, а истовремено ќе ги поддржат деловните цели на компанијата. Треба да го искористиш твоето знаење за UX/UI принципи, програмски јазици, алатки за развој на веб-страници и слично, за да изработиш сеопфатен план за проектот.

Еве како ChatGPT го замисли Скопје. Пробај со твои букви и град по твој избор. И секако, пробај да напишеш подобар и подетален опис на градот за да добиеш пореална слика.

Ископирај го овој промпт во ChatGPT :

❝

Создади фотографија преку ден со јасно сино небо, каде што буквите [aitekka] се формирани од облаци и се поставени над урбаниот пејзаж на [Скопје].

А во следните изданија и промптови- како да ги создадете овие дизајни 🤔

- AI што зборува со клетки! Google Research ја претстави новата AI алатка Cell2Sentence-Scale – отворен модел што буквално може да „разговара“ со човечки клетки и да одговара на прашања. Звучи како научна фантастика? Ова би можело да го забрза откривањето на нови терапии и да овозможи поиндивидуализиран пристап во лекувањето. Ако AI може да комуницира со клетки, можеби наскоро ќе комуницира и со делови од нашето тело на сосема нов начин!

Најновиот модел за резонирање од OpenAI (o3) е полн со изненадувања. Моделот спонтано започнал да користи зборови како „ние“ и „нашето“, како да е дел од тим. Може да „подобри“ било која слика и да пронајде минијатурни детали, може да погоди каде е направена некоја фотографија – без дополнителни информации, 🧩 и може да реши лавиринт со димензии 200x200... за помалку од 5 минути!

Microsoft ја објави својата втора пролетна верзија на Copilot за 365 – и носи моќни нови алатки за зголемување на продуктивноста.
✨ Во оваа надградба се вклучени: AI агенти што работат наместо тебе во позадина, генерирање слики директно од текст, подобрени можности за автоматизирање задачи и олеснување на секојдневната работа. Замисли да можеш да му кажеш на Word: „Направи ми нацрт-договор“ – и да добиеш документ за 10 секунди.

Ова е само уште еден чекор кон свет каде AI не е луксуз, туку дел од твоето секојдневие.

СЛЕДНИОТ БРОЈ: уште повеќе промптови за креатори и бизнис идеи, лични цели и оддржување навики, и главниот, детален промпт за ГРАДЕЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ ВО ТИМОТ

Важно 🚀ќе ви претставиме моќна, бесплатна алатка што претвора PowerPoint презентации, PDF-датотеки или видео-снимки од екран во How-To видеа за помалку од 5 минути!

Ќе има и нешто забавно за дизајн.

📝 Имаш нешто конкретно што ти се допадна или недостасуваше?
После гласањето, слободно напиши краток коментар!

Прати ни мејл ако имаш свои идеи или ако сакаш да бидеш и ко-автор на некои од следните изданија.

Следи нè на социјалните мрежи за повеќе идеи и туторијали и преку неделата.

Се читаме наскоро,

Тимот на aitekka

Reply

Avatar

or to participate